Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари
Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валкани садови, облека на подот и слично.

Хотелските хигиеничари мора да работат брзо и за мошне краток период чистат и по неколку соби.
Па, дефинитивно можеме да научиме нешто од нив кога е во прашање хигиената во домот.
Трикови за брзи и ефикасно чистење што ги користат хотелските хигиеничари:
Прво средете го нередот
Пред да почнете со бришење прашина, метење и слично, најпрво средете го нередот.
Соберете ја облеката од подот и столовите, тргнете ги садовите од масата, испразнете ја корпата за ѓубре…
Генерално, средете ги сите предмети кои не се на свое место и дури потоа почнете со чистење.
Кога нема потреба постојано да се прекинувате за да соберете нешто, многу побрзо ќе го исчистите домот.
Брзи исчистете ги завесите
За да ги освежите завесите кога не им е време за перење, можете да употребите обична крпа за раце.
Само изудирајте ги со крпата – таа ќе собере дел од прашината, а останатото соберете го од подот со правосмукалка.
Двапати исчистете ги местата каде што минувате најмногу
Местата на коишто поминуваме најмногу низ домот поминете ги двапати со правосмукалка.
Овие места се повалкани, па добро е да ги поминете двапати, за секој случај.
Дајте им време на средствата да делуваат
Наместо да триете, кога користите средство, оставете го делува неколку минути, особено ако има дамки кои се стврднати.
Пребришете ги чешмите со алкохол
За да ги избегнете дамките од бигор, откако ќе ги исчистите чешмите, пребришете ги и со алкохол.
Организирајте си ги средствата за чистење
За да бидете што е можно поефикасни, сите средства за чистење организирајте ги во кофа или торба или што ви одговара вам.
Па, кога ќе дојде време за чистење, не мора да ги барате, туку само ќе ја земете корпата.
Спирова С. | Црнобело
