Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време

Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде залуден бидејќи сигурно ќе заврне дожд и повторно ќе ги извалка. Најдобро почекајте до доцна пролет.

greshki-vo-proletnoto-chistenje-na-domot-koi-se-samo-gubenje-vreme-01_copy.jpg

Со доаѓањето на пролетта сите сме некако повеќе мотивирани да си го средиме животот, а ова неретко значи и темелно чистење на домот.

Но, ако „се залетате“ се да чистите наеднаш, набрзо ќе ви здодее. Кога на амбициозното чистење ќе ги додадете и другите обврски, како готвење, работа, грижа за деца, најверојатно и ќе се откажете.

А, дури и да успеете да исчистите буквално сè, во некои ситуации трудот ќе ви биде залуден.

Па, со кои грешки само си го губите времето?

Чистење на надворешната страна на прозорците

Во пролет, особено на почетокот, врнежите од дожд се доста чести.

Па, ако уште сега ги исчистите прозорците, бидете сигурни дека набрзо ќе се извалкаат и трудот ќе ви биде залуден.

Најдобро е да ги оставите за доцна пролет, кога времето станува посончево.

greshki-vo-proletnoto-chistenje-na-domot-koi-se-samo-gubenje-vreme-02.JPG

Пробувате сами да ги исчистите теписите

Препорачливо е еднаш годишно да ги исперете теписите. Но, избегнувајте да го правите ова сами, со средства купени од продавница.

Најпрво, веројатно нема да ги исчистите убаво што значи повторно ќе треба да ги чистите, а покрај тоа може и да ги оштетите.

Затоа, кога ќе дојде време, најдобро е да ги однесете на сервис за перење теписи.

greshki-vo-proletnoto-chistenje-na-domot-koi-se-samo-gubenje-vreme-03.JPG

Пробувате да го организирате секој шкаф и секоја фиока

За повеќето луѓе, доаѓањето на пролетта значи и генералка и многумина сакаат темелно да ги исчистат сите гардеробери, шкафови, фиоки…

Во ред е да бидете организирани, но ако пробувате наеднаш да исчистите буквално сè, сигурно ќе ви здодее.

Организирањето на фиоките и гардероберите е најдобро да го правите во текот на целата година.

На пример, кога ќе дојде пролет, средете го гардероберот и тргнете ја зимската облека. Фокусирајте се и на местата што ги користите најчесто, како фиоките во кујна.

Се останато распоредете во текот на целата година.

greshki-vo-proletnoto-chistenje-na-domot-koi-se-samo-gubenje-vreme-04.JPG

Претерувате со фрлање предмети

Разбирливо е ако некогаш ви е преку глава од многуте предмети во домот и посакате да исфрлите сè.

Многу луѓе го прават ова со пролетното чистење, но проблемот е што некогаш несвесно фрлаат и работи што ќе им притребаат.

Па, немојте да фрлате сè и сешто од домот, туку и во овој случај направете стратегија – за време на пролетната генералка фокусирајте се само на местата кои се најхаотични, па во текот на годината фрлајте други предмети за кои сте потполно сигурни дека не ви требаат.

greshki-vo-proletnoto-chistenje-na-domot-koi-se-samo-gubenje-vreme-05.JPG

Чистење зад фрижидерот

Освен ако не ви се истури нешто, имате проблеми со инсекти или забележувате непријатен мирис, нема потреба со секоја генералка да го чистите и просторот зад фрижидерот.

Ако често го поместувате, ќе си го оштетите подот, но и елементите кои се околу него.

greshki-vo-proletnoto-chistenje-na-domot-koi-se-samo-gubenje-vreme-06.JPG

Темелно чистење на сите апарати во домот

Важно е да ги одржувате електронските апарати, но немојте да ги чистите сите одеднаш.

Уште една ситуација во која е најдобро да направите стратегија – почесто чистете ги апаратите како рерна и кафемат, односно оние што ги користите речиси секојдневно.

Останатите чистете ги темелно само кога ќе има потреба.

greshki-vo-proletnoto-chistenje-na-domot-koi-se-samo-gubenje-vreme-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 лесни навики со кои домот ќе ви остане среден до следната генералка Не купувајте непотребни работи и стекнете навика секогаш да ги враќате предметит...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg