Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето)

Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и заборавате да ги наострите.

chesti-greshki-so-koi-gi-unishtuvate-kujnskite-nozhevi-i-si-go-otezhnuvate-gotvenjeto-01.jpg

Освен ако не сте страстен (или професионален) готвач, веројатно не обрнувате многу внимание на кујнските ножеви.

Но, ако сакате да ви траат подолго, како и да си ја олесните работата во кујна, треба да избегнувате некои грешки.

Дел од најчестите во продолжение:

Ги користите за отворање кутии и пратки

Ако ги користите ножевите за отворање кутии и пратки, брзо ќе ги оштетите.

Покрај тоа, дел од лепилото може да остане на нив и ако не го исчистите добро, да заврши и на вашата храна.

Наједноставно е да отворате кутии и пратки со скалпел или ножици.

chesti-greshki-so-koi-gi-unishtuvate-kujnskite-nozhevi-i-si-go-otezhnuvate-gotvenjeto-02.JPG

Ги миете во машина за садови

Најдобро е да избегнувате да ги миете ножевите во машината за садови.

Од млазот вода во машината, постои голема веројатност да се удираат со другиот прибор и другите садови, а ова може да ги поткрши и побрзо да ги истапи.

Најдобро е да ги миете рачно, веднаш кога ќе завршите со сечење – ќе ви треба помалку од една минута.

chesti-greshki-so-koi-gi-unishtuvate-kujnskite-nozhevi-i-si-go-otezhnuvate-gotvenjeto-03.JPG

Ги чувате во фиока

Ако ги чувате ножевите „на купче“ во фиока, исто така може да се поткршат и да се оштетат бидејќи се удираат едни од други со секое отворање и затворање.

Многу подобро е да ги чувате на магнетен држач кој се закачува на ѕидот, или на дрвен држач кој може да ви стои на работната маса.

chesti-greshki-so-koi-gi-unishtuvate-kujnskite-nozhevi-i-si-go-otezhnuvate-gotvenjeto-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 лесни навики со кои домот ќе ви остане среден до следната генералка Не купувајте непотребни работи и стекнете навика секогаш да ги враќате предметит...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg