Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу детергент во машината за садови.

Ако ви се чини дека храната што ја приготвувате има чуден вкус, а не сте промениле ништо во вашите рецепти, тогаш можеби имате некој пропуст во чистењето.
Дел од најчестите грешки што треба да ги имате предвид:
Не ја чистите рерната веднаш штом ви се истури нешто
Ако сте како повеќето, веројатно не ја чистите рерната веднаш ако внатре ви се истури нешто или ако испрска храната што ја готвите.
Но, кога повторно ќе ја вклучите, оваа храна ќе загори, па ќе има влијание врз аромата и вкусот на јадењето што го готвите.
Ставате многу детергент во машината за садови
Секогаш следете ги препораките за количината детергент што треба да ја ставите во машината.
Во спротивно, садовите може да не се исплакнат убаво, па потоа храната и пијалаците да имаат чуден вкус.
Оставате средство за чистење на работната маса
Откако ќе ја исчистите работната маса со средство, важно е да ја пребришете и со влажна крпа.
Ако го оставите средството, а потоа ставите храна директно на масата, може да има влијание врз вкусот.
Ја миете пресата за лук во машината за садови
Иако машините за садови се многу практични, некои работи, за жал, ќе треба да ги измиете и рачно.
Пресата за лук има многу мали дупчиња во кои може да има остатоци од лук кои нема да се отстранат во машина. На нив може да се задржи и дел од средството, а на крај лукот ќе има чуден вкус.
Па, важно е да ја истриете рачно, најдобро со четка за заби.
