Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус

Не го распоредувате приборот за јадење во машината за садови

Ако ставите многу прибор за јадење одеднаш, може да не се измие или да не се исплакне убаво.

Важно е приборот да не биде збиен во машината, туку да има простор водата да протекува низ него.

greshki-vo-chistenjeto-na-kujnata-poradi-koi-hranata-ima-chuden-vkus-6.JPG

Не ги чистите пластичните садови за храна соодветно

Пластичните садови можат да ги апсорбираат мирисите од храната. Па, кога во нив ќе ставите друго јадење, ќе го чувствувате мирисот и од претходното.

За темелно да ги исчистите, некогаш не е доволно да ги ставите во машина или да искористите само средство за садови.

Најдобро е пластичните садови да ги чистите со оцет – ставете малку бел оцет во нив, па дополнете ги со топла вода и оставете да отстојат барем еден час.

Потоа само измијте ги како вообичаено.

greshki-vo-chistenjeto-na-kujnata-poradi-koi-hranata-ima-chuden-vkus-7.JPG

Не ја чистите скарата

Ако имате скара на жар, важно е добро да ја исчистите пред употреба за да не го расипете вкусот на храната.

За ова може да ви помогне најобичен кромид – пресечете го на половина и со него истријте ја скарата.

greshki-vo-chistenjeto-na-kujnata-poradi-koi-hranata-ima-chuden-vkus-08.JPG

Не го чистите кафематот од бигор

Ако забележувате чуден вкус во кафето, тогаш веројатно е време да го исчистите кафематот од бигор.

За ова можете да го наполните резервоарот на апаратот со иста количина вода и бел оцет. Потоа само вклучете ја опцијата за правење кафе, без да ставате кафе.

Потоа пуштете ја машината уште два-трипати само со вода, за целосно да се отстрани оцетот.

greshki-vo-chistenjeto-na-kujnata-poradi-koi-hranata-ima-chuden-vkus-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 чести грешки што сигурно ги правите со рерната (и ризикувате да ја расипете) Не ја чистите редовно, користите вентилатор за секоја храна и ставате хартија за...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест работи што никако не треба да ги чистите со средство за садови Без разлика дали станува збор за чевли, јакна или, пак, гарнитура, кожата е мате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg