7 чести грешки што сигурно ги правите со рерната (и ризикувате да ја расипете)

Не ја чистите редовно, користите вентилатор за секоја храна и ставате хартија за печење на дното.

7-chesti-greshki-shto-sigurno-gi-pravite-so-rernata-i-rizikuvate-da-ja-rasipete-01.jpg

Во повеќето домаќинства, рерната е меѓу најкористените кујнски елементи.

Но, и покрај ова, сите правиме некои грешки за кои не сме свесни дека некогаш и ѝ го скратуваат векот на рерната.

Дел од најчестите грешки што треба да ги имате предвид:

Не ја чистите редовно

Чистењето на рерната е проблематично, но ако ја оставате валкана со месеци, ќе ви биде уште потешко.

Покрај тоа, остатоците од храна на дното и на грејачите можат да почнат да испуштаат и чад кога ќе ја вклучите.

Ако се истури храна во рерната или останат остатоци од масло, ронки и слично, исчистете ги веднаш.

Со ова рерната ќе ви биде релативно чиста, па ќе биде доволно темелно да ја чистите на неколку месеци.

7-chesti-greshki-shto-sigurno-gi-pravite-so-rernata-i-rizikuvate-da-ja-rasipete-02.JPG

Дозволувате на дното да се истура храна

Кога печете нешто што знаете дека може да протече, секогаш е добро да ставите празна тава на дното, под решетката.

Потоа ќе ви биде многу полесно да ја исчистите тавата, отколку да ја триете рерната.

7-chesti-greshki-shto-sigurno-gi-pravite-so-rernata-i-rizikuvate-da-ja-rasipete-03.JPG

Печете замрзната храна која треба прво да се одмрзне

Ако правите замрзнато месо, а не го оставите да се одмрзне, може да не се допече, па ризикувате и труење од храна.

Модерните рерни имаат опција за одмрзнување, па можете да ја искористите. Но, ако вашата рерна нема ваква опција, побезбедно ви е да го одмрзнете месото.

7-chesti-greshki-shto-sigurno-gi-pravite-so-rernata-i-rizikuvate-da-ja-rasipete-04.JPG

Користите погрешни функции

Денес рерните имаат разни опции за печење, па важно е да ги користите соодветно.

Генерално, за повеќето јадења идеална е основната опција за печење што ја загрева храната од двете страни.

Ако вашата рерна има вентилатор, имајте на ум дека кога ќе го вклучите, рерната ќе се загрее побрзо, што значи времето на готвење ќе треба да биде пократко.

Во овој случај препорачливо е и да ја пуштете рерната на пониска температура.

За само едно јадење, нема потреба да пуштате вентилатор за да не ризикувате. Но, доколку првите повеќе работи, на две или повеќе нивоа, тогаш вентилаторот ќе помогне во рамномерно распоредување на топлината, па препорачливо е да го користите.

7-chesti-greshki-shto-sigurno-gi-pravite-so-rernata-i-rizikuvate-da-ja-rasipete-05.JPG

Не ги чистите тешко достапните места

Секојпат кога ја чистите рерната, осигурете се дека ќе ги исчистите и тешко достапните места бидејќи овде се акумулираат најмногу остатоци од храна.

7-chesti-greshki-shto-sigurno-gi-pravite-so-rernata-i-rizikuvate-da-ja-rasipete-06.JPG

Не ги чистите копчињата на рерната

Неретко ги допираме копчињата на рерната откако сме допреле храна. Ова значи дека на нив остануваат безброј бактерии.

Па, не заборавајте да ги дезинфицирате редовно - најдобро да ги пребришувате по секое користење.

7-chesti-greshki-shto-sigurno-gi-pravite-so-rernata-i-rizikuvate-da-ja-rasipete-08.JPG

Ја ставате тавата со храна на дното

Веднаш по дното на рерната има грејач и затоа не е препорачливо да ставате тава со храна најдолу – токму затоа и рерните имаат решетки.

Ако тавата е залепена за дното, храната може да изгори на долниот дел.

Исто така никогаш не ставајте тава со хартија за печење на дното ниту, пак, само хартија за печење – ако хартијата го допре дното, лесно може да се запали.

7-chesti-greshki-shto-sigurno-gi-pravite-so-rernata-i-rizikuvate-da-ja-rasipete-08_2_copy.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg