9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Исечете ги сунѓерите
Можете да ги исечете сунѓерите за садови и другите делови од домот на два дела.
Вака ќе имате дупло повеќе, а и помалите сунѓери се сушат многу побрзо, што значи полесно ќе го спречите создавањето на бактерии.
Исчистете го сребрениот прибор со паста за заби
Ако имате сребрен прибор, можете да му го вратите сјајот со најобична паста за заби.
Треба само да го истриете со стара четка, па потоа пребришете го со мека крпа.
Овој трик функционира и за прибор од челик.
Перете облека еднаш неделно
За да не мора секој ден да се борите со валкана облека, одредете еден ден од неделата за перење.
На пример, може во недела, кога цел ден има електрична енергија.
Одредете еден ден за готвење
Ова е трик што не може да се вклопи во сечиј распоред, но ако минувате многу време во кујна, можете еднаш неделно да направите барем основни подготовки.
На пример, можете да зготвите неколку ручеци и да ги замрзнете. Или, ако самите правите леб, во еден ден испечете неколку, па замрзнете го и во текот на неделата ќе трошите помалку време за готвење.
Редовно средувајте низ домот
Многу полесно е редовно да ја одржувате хигиената во домот, отколку да оставате сè за во еден ден.
На пример, можете да купите рачна правосмукалка и секој ден да поминувате со неа на места што се валкаат најмногу како кујната или ходникот.
Ова ќе ви одземе 10-тина минути, а ќе го спречи таложењето нечистотии кои е тешко да се отстранат.
Или, по туширање, исплакнете ја туш кабината и избришете го огледалото. Не оставајте да се собираат садови за миење, туку мијте ги секоја вечер.
Спирова С. | Црнобело
