Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите

Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на прозорците?

skrieni-mesta-vo-domot-shto-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite01.jpg

Во домот има многу скриени места на кои не ни помислуваме кога чистиме.

Но, и на овие места се собираат нечистотии, бактерии, некогаш и мувла, па не треба да ги прескокнеме.

Шест скриени места во домот што треба да ги чистите често:

Жлебовите на прозорците

Веројатно го чистите делот од рамките што е видлив, но многумина ги забораваат жлебовите. На овој дел се собираат многу нечистотии, најмногу поради прашината од надвор.

Ако се многу валкани, можете прво да ги истриете со влажна четка, но не многу грубо. За тешко достапни места, искористете и четка за заби.

Потоа пребришете ги со средство за прозорци.

skrieni-mesta-vo-domot-shto-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-03.jpg

Местото каде што е монтиран капакот на тоалетната школка

Ако сте како повеќето, веројатно никогаш не сте се сетиле да го извадите капакот од тоалетната школка и да ги исчистите дупчињата каде што е зашрафен. Важно е да го чистите и овој дел бидејќи има многу бактерии.

Откако внимателно ќе го отстраните капакот, испрскајте ја целата школка со соодветно средство, па истријте ја со четка или жица ако дамките се тврдокорни. Потоа само исплакнете ја со вода.

Добро исчистете го целиот капак пред да го вратите назад.

skrieni-mesta-vo-domot-shto-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-04.JPG

Горниот дел на вратите

Бидејќи не го гледаме, скоро сите забораваме да го исчистиме горниот дел во вратите, а овде лесно се собира многу прашина.

Па, кога ги бришете вратите, не го заборавајте горниот дел, но и самите рамки.

skrieni-mesta-vo-domot-shto-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-05.JPG

Отворот на чешмата

На отворот од чешмите се собираат многу бактерии поради влагата, а може да се акумулира и бигор.

За да го исчистите и да го отстраните бигорот, можете да го завиткате отворот во кеса со оцет и сода бикарбона.

Оставете да делува барем еден час, па исчистете ја целата чешма како вообичаено, со средство.

skrieni-mesta-vo-domot-shto-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-06.JPG

Гумата на вратата од фрижидерот

Бидејќи има набори, во гумата на вратата од фрижидерот многу лесно се собира прашина. Покрај тоа, бидејќи во фрижидерот чуваме храна, ова место е идеално и за развој на бактерии.

За темелно да ја исчистите гумата, можете да завиткате нож за путер (кој не е остар) во крпа која ќе ја натопите во топла вода, па така да ги отстраните нечистотиите од наборите.

skrieni-mesta-vo-domot-shto-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-02.JPG

Просторот меѓу плочките

Важно е темелно да го чистите и просторот меѓу плочките бидејќи и овде се акумулираат бактерии, а може да се појави и мувла.

Но, немојте да користите абразивни средства како избелувач, бидејќи може да ја оштети фугата меѓу плочките.

Најдобро користите соодветно средство за плочки – испрскајте го, оставете го делува, па потоа истријте со четка.

skrieni-mesta-vo-domot-shto-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 лесни навики со кои домот ќе ви остане среден до следната генералка Не купувајте непотребни работи и стекнете навика секогаш да ги враќате предметит...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg