Осум работи кои е редно време да ги фрлите од подрумот (нема да ви недостасуваат)
Ролери од детството на кои има фали тркалце, расипани сијалички за елка, четири чекани кои не ги ни користите…

Сите ги користиме подрумите како остава и факт е дека со годините, во нив трупаме сè и сешто.
Па, по некое време, подрумот станува толку затрупан со предмети, што не ни знаеме што има внатре.
За малку да ослободите простор, слободно фрлете ги следниве работи:
Стари бои
Ако сте како повеќето, во подрумот сигурно имате барем една боја или лак, без разлика дали за дрво, за ѕидови или нешто друго.
Ако е отворена веќе некој период, време е да ја фрлите. Дури и ако никогаш не сте ја отвориле, но ја чувате неколку години, исто така е препорачливо да ја фрлите бидејќи нема да ви биде од корист.
Стари крпи и партали
Можеби чувате стари крпи, искината облека и слично со надеж дека некогаш ќе ви се најдат за нешто многу валкано.
Но, штом не сте ги допреле со години, голема е веројатноста и никогаш да не ги допрете.
Притоа, ако стоеле во подрумот изложени на прашина и влага, тогаш не ни можете да ги користите за чистење. Па, фрлете ги.
Хемикалии со поминат рок
Масло за мотор, пестициди, ѓубриво… Ако имате хемикалии во подрумот кои се одамна отворени или на кои им е поминат рокот, исто така е препорачливо да ги фрлите.
Никогаш нема да ви се најдат бидејќи веројатно се неупотребливи.
Новогодишни украси
Признајте дека во подрумот чувате барем едни расипани сијалички и украси кои сте ги купиле (или наследиле) и пред 20 години. Ако ги користите, тоа е одлично.
Но, ако стојат заборавени во некоја кутија, време е да ги фрлите.
