Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник
Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијалникот. Без разлика што врата е затворена, секогаш постои ризик детето да успее да ја отвори.

Иако просторот во шкафот под мијалникот е ограничен, ова сепак е одлично место за складирање, особено предмети што ги користите често.
Но, ова не е идеално место за некои работи, најмногу бидејќи може да се оштетат.
Што не треба да чувате во шкафчето под мијалникот?
Силни хемикалии
Средствата со силни хемикалии, како оние за одзатнување одвод, не е препорачливо да ги чувате под мијалникот ако имате миленици или деца.
Без разлика што шкафчето е затворено, секогаш постои ризик децата или миленикот да допрат до нив.
Како што е наведено и на самите средства, најдобро да ги чувате надвор од дофат децата.
Алати
Иако можеби сметате дека овде алатите ви се при рака, ова не е најбезбедно место за нив, особено за алати кои работат на струја (или батерии).
Под мијалникот секогаш постои ризик да се создаде влага или да се оштети некоја цевка, а ова сигурно ќе ги оштети и алатите.
Храна за миленици
Поради зголемената можност од влага, не е препорачливо во шкафчето под мијалникот да чувате ни храна за миленици.
Вие можеби нема ни да ја забележите влагата, но може да предизвика создавање на мувла во храната.
Ако сепак немате друго место за храната за милениците, тогаш ставете ја во добро затворен сад.
Запаливи продукти
Продуктите кои се запаливи, како бои, некои средства за чистење и слично, не е препорачливо да ги чувате во кујна.
Од целиот дом, ризикот од пожар е најголем во кујната. Па, јасно е зошто овде не треба да чувте никакви запаливи продукти.
Крпи и слични предмети кои треба да се заштитат од влага
Како што веќе спомнавме, во шкафчето под мијалникот ризикот од влага е поглем.
Па, избегнувајте да чувате предмети кои треба да бидат суви, како крпи, нови сунѓери и слично.
Спирова С. | Црнобело
