Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната
Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбона и оцет.

Кујнскиот мијалник е еден од најкористените предмети во домот.
И покрај ова, многу луѓе прават грешки кои не само што ги затнуваат цевките, туку го зголемуваат ризикот и од штета која може да чини многу.
Кои се петте најчести греши, според водоводџии?
Истурате масло во мијалникот
Една од најчестите грешки што ја прават луѓето е истурањето масло за јадење во мијалникот.
Штом маслото ќе се излади, почнува да се лепи за цевките. Со текот на времето ќе се акумулира, па кога-тогаш ќе ја затне цевката.
Дури и ако го разредите со жешка вода, не правите ништо корисно – маслото повторно ќе се излади, само можеби побавно, и на крај пак ќе се залепи за цевките.
Чувате многу работи под мијалникот
Сите сакаме максимално да го искористиме просторот под мијалникот, но не би требало овде да трупате премногу предмети.
Ако има многу предмети, можно е воопшто да не забележите дека некоја цевка протекува.
Доколку има протекување, на почетокот е лесно да се санира. Но, ако долг период не го забележите, може да ви предизвика сериозна штета и да ве чини многу пари.
Затоа, просторот што е веднаш под мијалникот и цевките оставете го празен за да можете да имате увид што се случува.
Одзатнувате цевки со сода бикарбона и оцет
Ова е еден од најпознатите трикови за одзатнување одводи, но водоводџиите не го препорачуваат.
Комбинацијата од сода бикарбона и оцет може да биде добра за чистење на мијалникот. Но, не е ни приближно доволно силна за да го одзатне водоводот.
Ако станува збор за мала блокада, тогаш купете соодветно средство за одзатнување. Ако е посериозен проблем, најдобро викнете професионалец.
Истурате жешка вода во мијалникот
Миењето садови со топла вода е поефикасно, па го препорачуваат и водоводџиите.
Но, никако немојте да користите многу жешка вода или, пак, да истурате врела вода во мијалникот.
На металните цевки нема да им биде ништо, но ова не важи за цевките од пластика.
Исто така, не заборавајте дека обично цевките се изолирани со гума која исто така може да се оштети од врелата вода.
Па, пред да истурите вода или почекајте да се излади или прво измешајте ја со постудена.
Користите малку средство за садови
Не треба да истурате масло во одводот, но јасно е дека на тавите и садовите некогаш останува дел од него.
Ако користите многу малку средство за садови кога ги миете, маслото е поверојатно да се залепи на цевките. Дури и ако е во мала количина, со текот на времето може да се акумулира.
Од друга страна, ако ги миете со топла вода и повеќе средство за садови, тогаш колку-толку ќе се разгради и полесно ќе помине низ цевките.
Но, не заборавајте дека ова важи само за мало количество масло кое останало на садовите.
Спирова С. | Црнобело
