8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење
Пластичен прибор за јадење
Ќе купите пластичен прибор за да не мора да го миете есцајгот по прославата на некој роденден, или да ви користи кога одите на пикник, но на крајот, пак ќе ги измиете пластичните виљушки и ножеви, затоа што „можеби ќе ви се најдат“.
Запомнете - тоа е прибор за една употреба и затоа, без никакво жалење фрлете го. Едноставно, не ви треба.

Ножички за сечење билки
Многу луѓе во некој момент од животот решаваат дома да направат мала градина со зачини, поттикнати од шоуата за готвење, каде секој готвач дома има различни билки.
Па купуваат саксии, семиња, посебни ножички за сечење на билките.
Ако сте и вие меѓу нив и ова хоби одамна ви отишло во заборав, тогаш слободно фрлете ги и ножичките (а и саксиите), зашто, признајте си на себеси - веќе никогаш нема да ги користите.

Залихи од предмети поврзани со стари хобија
Ако дома чувате стари и засушени лепаци, парчиња од хартија за пакување која не е доволна во неа да спакувате дури ни чорапи, врвки, машни и слично, фрлете ги.
А ако решите да му се вратите на старото хоби или да ви притреба нешто од овие работи, во секој момент можете да купите нови.

Мини шампони и гелови за туширање
Кога одиме во хотели, најчесто со нас си ги земаме малите шишенца со шампон, гел за туширање, капите за туширање, некое сапунче или приборот за шиење.
Колку вакви парчиња имате дома? И дали навистина ги трошите, или само ви фаќааат место?
Фрлете ги, веднаш. И не земајте нови следниот пат кога ќе престојувате во хотел.

А. Ј. | Црнобело
