Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека

Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат непријатен мирис, но истото важи и ако ја сушите облеката во затворена просторија, каде што нема циркулација на воздухот.

shest-evtini-trikovi-so-koi-kje-go-otstranite-mirisot-na-vlaga-od-ispranata-obleka-01.jpg

Постојат неколку причини зошто и свежо испраната облека може да мириса непријатно, најчесто на влага.

Обично проблемот е во машината за перење, но ова не значи дека е расипана, туку треба само малку потемелно да ја исчистите.

Со текот на времето, во машината се акумулира бигор, влакна од облеката, остатоци од детергенти и сето ова може да придонесе за непријатниот мирис.

Некогаш алиштата замирисуваат и откако ќе бидат испрани поради начинот на сушење.

Па, како да го спречите непријатниот мирис?

Исчистете ја машината со бел оцет

Во фиоката за детергенти истурете една шолја бел оцет и пуштете ја машината празна на повисока температура.

Доколку машината има вграден систем за чистење, пуштете го него.

shest-evtini-trikovi-so-koi-kje-go-otstranite-mirisot-na-vlaga-od-ispranata-obleka-02.JPG

Исчистете ја машината со сода бикарбона

Повторно во фиоката за детергенти, можете да ставите и сода бикарбона во комбинација со бел оцет.

Наполнете половина шолја за чај со исто количество сода бикарбона и бел оцет, па истурете ја смесата во фиоката.

Пуштете ја машината празна на повисока температура или на циклусот за чистење.

Без разлика дали ќе користите само бел оцет или ќе го комбинирате со сода бикарбона, штом циклусот за чистење ќе заврши, безбедно е да ја пуштите машината со облека.

shest-evtini-trikovi-so-koi-kje-go-otstranite-mirisot-na-vlaga-od-ispranata-obleka-03.JPG

Лимон и сончева светлина

За да не ја перете облеката одново, можете да искористите сок од лимон.

Во шишенце со распрскувач исцедете еден лимон и наполнете го со вода, па испрскајте ја облеката со мешавината. Потоа само оставете ја на сонце да се исуши.

Киселината во лимонот ќе ги убие бактериите, додека сончевата светлина ќе ги уништи габите.

Но, внимавајте – овој трк е безбеден само за облека од памук и синтетички влакна. Немојте да го користите за нежни ткаенини, како свила или лен.

Исто така, избегнувајте го за шарена и темна облека бидејќи киселината може да ја избледи бојата.

shest-evtini-trikovi-so-koi-kje-go-otstranite-mirisot-na-vlaga-od-ispranata-obleka-04.JPG

Сушете ја облеката надвор

Некогаш сушењето во затворен простор може да предизвика непријатен мирис на облеката.

Бидејќи воздухот не циркулира, влагата се задржува подолго на облеката, па се јавува и непријатен мирис.

Кога сте во можност, закачувајте ја облеката надвор или користете машина за сушење.

shest-evtini-trikovi-so-koi-kje-go-otstranite-mirisot-na-vlaga-od-ispranata-obleka-05.jpg

Употребете алкохол

И алкохолот може да убие дел од бактериите и габите што создаваат непријатен мирис, а притоа испарува брзо.

Можете да го искористите слично како сокот од лимон, со шише со распрскувач.

Немојте да ја прскате целата облека, туку само на местата каде што го чувствувате мирисот.

Препорачливо е и веднаш да ја исперете облеката бидејќи кај потемни парчиња, алкохолот може да остави дамки.

Исто така, и во овој случај избегнувајте нежни материјали како свила.

shest-evtini-trikovi-so-koi-kje-go-otstranite-mirisot-na-vlaga-od-ispranata-obleka-6.jpg

Искористете боракс

Боракс е природен минерал кој можете да го најдете во аптека, а корисен е бидејќи уништува бактерии и габи.

За разлика од лимонот и алкохолот, не ја избледува бојата од облеката толку лесно.

Пред да ја ставите облеката во машина, измешајте 1 шолја боракс со 4 литри топла вода и оставете ја облеката да отстои внатре околу половина час.

Потоа ставете ја во машина, како вообичаено.

Овој трик е ефикасен за памук и синтетички материјали, но избегнувајте го за поделикатни ткаенини.

shest-evtini-trikovi-so-koi-kje-go-otstranite-mirisot-na-vlaga-od-ispranata-obleka-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Непријатни мириси, чистење: За што сè можете да користите лимони во домот? Можете да ја „светнете“ туш кабината со парче лимон и сол, а можете да си направ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg