9 трикови за организирање мал гардеробер

Користете кутии

Долната облека, чорапите и сличните парчиња можете да ги организирате во кутии.

Вака ќе ви зафаќаат помалку простор и нема да направите хаос кога ќе барате нешто што ви треба.

9-trikovi-za-organiziranje-mal-garderober-06.JPG

Чувајте ја облеката завиткана во ролни

Облеката што ја чувате во фиоките можете да ја завиткате во ролни за да ви биде попрегледна. Ова е идеално за пижами, долна облека, маички, тренерки…

9-trikovi-za-organiziranje-mal-garderober-07.JPG

Користете вакуум вреќи

За облеката што ја носите поретко, можете да искористите вакуум вреќи.

Овие вреќи се идеални и за кога ја заменувате сезонската облека, посебно за џемпери и парчиња кои зафаќаат многу повеќе простор.

Облеката во вакуум вреќа потоа можете да ја ставите на закачалка или само под кревет.

9-trikovi-za-organiziranje-mal-garderober-08.JPG

Обрнете внимание на изгледот на закачалките и слично

Овој трик не е неопходен, туку ќе ви помогне ако сакате гардероберот главно да ви изгледа поубаво.

Купувајте закачалки, кутии и слично што одговараат со дизајнот на гардероберот, па ќе изгледа помалку хаотично.

9-trikovi-za-organiziranje-mal-garderober-09.JPG

Проверувајте дали ви треба целата облека што ја имате

Барем двапати годишно, на пример кога ја менувате сезонската облека, проверете дали сите парчиња се исправни за носење.

Ако нешто е скинато или отштетно и не се поправа, тогаш фрлете го. Ако нешто ви е мало, не сте го облекле со години, веќе не ви се допаѓа и слично, подарете го бидејќи само непотребно ви зафаќа простор.

9-trikovi-za-organiziranje-mal-garderober-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...

Најчитани неделава