Олимпискиот оган преместен на стадионот во Лондон

olimpiskiot-ogan-premesten-na-stadionot-vo-london

Олимпискиот пламен, кој беше поставен во центарот на  Олимпискиот стадион во Лондон, ја промени својата позиција во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот, 29-ти на 30-ти јули.

Огнот на ХХХ Олимписките игри беше запален за време на церемонијата на отворањето на 27-ми јули во Лондон, од седум млади спортисти од олимпискиот тим на Велика Британија, на коишто тамошната спортска јавност полага големи надежи за следната Олимпијада. Почетокот на Олимпијадата го означија Калум Ејрли, Џордан Дакит, Дезире Хенри, Кети Кирк, Камерон Макричи, Ејдан Рејнолдс и Адел Трејси.

Околу полноќ на 29-ти јули (сабота) олимпискиот оган беше преместен со специјални шини од центарот на теренот во Олимпискиот стадион, во специјална ложа на трибините. Самата процедура се одвиваше без присуство на новинари и други лица. Во времето на преместувањето, олимпискиот факел беше привремено изгаснат.

Сега, една од главните атракции на Олимпијадата ќе може да ја видат само оние коишто ќе присуствуваат на натпреварите на главниот стадион на Игрите. Претходно, како по правило, олимпискиот оган за време на Игрите беше поставуван, така што можеше да биде виден од сите страни на стадионите на кои беа организирани досегашните Летни олимписки игри.

30.07.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
На патот кон моето срце напишав „забрането минување“, но љубовта влезе смеејќи се и извика: „Јас влегувам секаде“.
Херберт Шипман