Лиснати стапчиња со сланина во Air Fryer
Иако полека доаѓа сезоната на салати и полесна храна, сепак ќе сакате да ги пробате овие лиснати стапчиња со сланина.

Се подготвуваат брзо и лесно, а се печат за неколку минути во Air Fryer, што дополнително ја олеснува подготовката.
Потребни ви се само неколку состојки - па ако ги имате дома, направете ги веднаш, а ако не, следниот пат кога ќе одите во маркет, купете што ви е потребно и пробајте ги.
Потребни состојки:
- 2 пакувања готово лиснато тесто
- 6-8 тенки резанки сланина
- 150g рендан кашкавал
Начин на подготовка:
- На хартија за печење ставете го едното лиснато тесто.
- Врз него убаво распоредете го ренданиот кашкавал, па одозгора ставете го второто лиснато тесто.
- Со прстите убаво спојте ги краевите (за да не истече кашкавалот).
- Со остар нож пресечете го на 6 до 8 парчиња, па преклопете ги на половина (како во видеото).
- Секое парче замотајте го со резанка сланина.
- Печете во Air Fryer околу 8 минути (или додека сланината да стане крцкава.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...