Фејсбук повторно нападнат
Големиот број на корисници на Фејсбук повторно беа нападнати со методата hising, која се однесува на лажно претставување и крадење на корисничките...
...имиња и лозинки. Фејсбук во моментов ги блокира компромитирачките профили и го решава проблемот. 
Портпаролот на компанијата Фејсбук изјавил дека сајтот претрпел голем број на напади на хакери до четвртокот и дека во овој период се решаваат сите проблеми.
Луѓето всушност добивале лажни линкови од своите пријатели на кои имало лажни страници кои наликувале на фејсбук, а преку кои им се краделе личните податоци.
На корисниците на фејсбук им се советува да не отвораат веб страни кои содржат домеин .IM.
Инаку компанијата не откри колкав бил бројот на нападнати профили.
