Мислејќи дека е Дедо Мраз се заглавил во оџак
Како што се ближат празниците изгледа се повеќе луѓе си замислуваат дека се Дедо Мраз. Ако вистинскиот го оставиме на страна, тешко дека некој друг ќе...
...може да влезе преку оџак. 
Тоа го пробал, но не успеал еден крадец кој поминал 3 страшни часа заглавен во оџакот на една продавница која пробал да ја ограби.
Полицијата била повикана околу 3 часот наутро, која го нашла човекот заглавен во оџакот не можејќи воопшто да се мрдне. После истоштувачки 3 часа и кршење на дел од оџакот, спасувачите успеале да го извлечат крадецот од оџакот.
Секако, тој е однесен во болница на психичка евалуација.
Единствено не успеавме да дознаеме дали воопшто оџакот бил во функција во моментот на случката.
