Крај на светот во мај 2011?

kraj-na-svetot-vo-maj-2011-povekjeАко сте меѓу оние кои веруваат дека судниот ден ни се ближи, стигнуваат лоши вести. Откако е утврдено дека 21.12.2012 не е фаталниот датум група христијани од САД...

 

...објавија нова теорија. Односно – две теории.

Учесниците во проектот Caravan веќе 5 месеци живеат на улица. Луѓето кои се придружија кон овој проект веруваат дека крајот на светот нè очекува на 21 мај 2011 и тргнаа на долг пат за да го информираат остатокот од светот за ова.

Зад себе оставиле се – семејства, недвижности, пријатели и кариера и се одлучиле последните месеци од својот живот да ги поминат на улица.

Идејата на овој проект потекнува од христијанскиот могул Харолд Кампинг.

Според неговото учење, на 21 мај 2011 светот ќе го погоди земјотрес од кој целата Земја ќе се дрма, по што ќе се појави Исус и ќе поведе само одбрана група луѓе со себе на небото. Ова е само првиот дел од крајот на светот.

Имено, оние ретките кои ќе го преживеат земјотресот, наредните 153 дена, до конечниот крај на светот кој ќе биде на 21 ноември 2011, ќе ги поминат окружени со смрт и ужас, тврдат следбениците на овој проект и истакнуваат дека „Библијата го гарантира ова“.

На прашањето „Што ако се разбудат на 22 мај и ништо од ова не се случи“ не сакаат да одговорат затоа што тоа би значело дека се сомневаат во Библијата.

Кампинг и порано тврдеше дека крајот на светот ќе биде на 6 септември 1984 година, а својата грешка денес ја правда со некои грешни знаци кои го одвлекле од иницијалната пресметка дека 2011 ќе биде фаталната година.

Би можело да ве интересира:

Почина сопругата на милијардерот Ричард Бренсон: Ѝ купил остров за да ја импресионира, беа заедно 50... По 50 години заедно, почина сопругата на милијардерот Ричард Бренсон. Милијардер...
Злосторство што го потресе светот: Италијанска манекенка избодена 24 пати од партнерот - сакала да г... Таа имала 29 години, а нејзиниот партнер 52. Тој бил богат италијански бизнисмен...
Жена го лажела дечко ѝ дека има рак за да ѝ дава пари – ги трошела на патувања и пластични операции Во период од пет години, жена од Англија го лажела нејзиниот партнер дека има не...
Жена му починала од рак, сам се грижи за две ќерки: Тажната (и инспиративна) приказна на астронаутот... „Отидов со моите ќерки на прошетка и им реков ’Овде е тестаментот и овде се сите...
Исчезнувањето на Медлин Меккен се поврзува со Епстин: Изјава од сведок во документите, осомничена ко... Во документите од случајот за Епстин, неколкупати се спомнува името на Медлин Ме...
Вдовицата на Диого Жота се огласи првпат по погребот: „Еден месец од нашето ‘додека смртта не нè раз... „Помина еден месец од нашето ‘додека смртта не нè раздели’. Засекогаш, твојата д...

Најчитани неделава

На светот има толку многу за сите нас само ако имаме очи да го видиме тоа, срце да го сакаме и рака да го собереме.
Луси Мод Монтгомери (1874-1942)