Нова ѕверка на улиците

nova-dzverka-na-ulicite-povekjeКога од Ауди на последниот саем на автомобили во Детроит најавија електрична екстремно брза машина – сите беа воодушевени. Но, подобра е веста...

 

...дека концептот прво ќе заживее со турбо мотор од 350 коњски сили.

Внатрешните информации се дека новата машина ќе се вика Audi R5, а ќе го придвижува 2.5 литарски турбо мотор кој досега можевме да го видиме кај Audi TT RS.

nova-dzverka-na-ulicite-1

 

Каросеријата ќе биде изработена од карбонски влакна, а како што е и традицијата на Ауди, овој ѕвер нема да има погон на 4 тркала.

nova-dzverka-na-ulicite-2

Се очекува заден погон, а за да накачи од 0-100 km ќе му бидат потребни само 5 секунди. Ова не е играчка за полу-искусни и неискусни возачи, туку десерт за вистински љубители и познавачи на возењето.

nova-dzverka-na-ulicite-3

R5 нема да разочара ниту со електронското решение: врати чувствителни на допир, фул LED фарови, 3D навигација, камери на ретровизорите кои се дел од стандардната опрема. Основна цена – околу 64.180 евра.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Предизвиците на животот не треба да те парализираат, тие треба да ти помогнат да откриеш кој си навистина.
Бернис Џонсон Ригон