Сакате ли распродажби?

sakate-li-rasprodazbi-povekjeРаспродажба, намалување (не е важно колку е намалено). Има жени кои многу се возбудуваат кога ќе ги прочитаат насловите „распродажба“, „намалено“...

 

...„sales“, или само различни проценти кои се однесуваат на снижувањето.

Навистина, распродажбата може да изгледа како добра идеа – навистина купувате на крајот од сезоната, но купувате фирмирано парче по многу пониска цена. Можеби и не е во прашање фирмирано парче, туку само нешто што е тукуречи бесплатно.

Дали е распродажбата добра идеjа?

За продавниците – се разбира дека е добра идеја, така се ослободуваат од заостанатата роба и го празнат магацинот за нова трендовска роба, наместо да плаќаат за препраќање на заостанатата роба. Секако тука е и доплнителната заработувачка, не онолкава колку кога робата би ја продале за полна цена, но секако има заработувачка.

Но, дали распродажбите се добри за купувачите? Тука мислењата се поделени.

sakate-li-rasprodazbi

Некои распродажбите ги сметаат за фантастична можност по намалени цени да набават роба од омилените брендови или едноставно да испазарат нешто ефтино. Така да распродажбите се прилика малку да се подноват, но да не потрошат премногу пари.

Секако под претпоставка да не купат нешто што не им треба, туку само затоа што е на попуст (што е честа женска постапка). Тогаш всушност не само што не се штеди туку и се затрупувате со непотребни работи со кои потоа незнаете што да правите.

Од друга страна, некои не можат да ги поднесат распродажбите. Главната причина се гужвите, неможат на мира да ја разгледаат робата, пред гардеробите се километарски редици, може да купат роба која има грешка неможејќи на мира да го разгледаат парчето што го купуваат.

Сето тоа носи многу нервоза и можност, веќе кога е доцна, да откриете дека сте купиле роба со грешка, а истата неможете да ја вратите затоа што сте ја купиле на распродажба. Може да се случи нешто да ви се допадне, решавате да почекате распродажба за да не давате многу пари, но таа роба да се потроши и да не дојде до распродажба.

Значи, распродажбите се добри или не?

Ако имате доволно трпение за гужви, око соколово за фелери и ако не купувате нешто што воопшто не ви треба, распродажбата може да биде корисна.

Доколку тоа не е случај, подобар избор ви е купувањето во текот на сезоната.

Би можело да ве интересира:

Кои српски пејачки ги обожаваат креациите на нашиот Златко Јовановски? Златко Јовановски, кој за себе вели дека е „кралот на светкавото“, е омилен меѓу...
8 работи што Французинките никогаш не ги носат (и затоа изгледаат беспрекорно) Пластичен накит и облека од неквалитетен материјал – кои работи никогаш нема да ...
Македонецот Мартин Сипковски потпиша договор со модна агенција од Истанбул Екс ракометарот на Вардар, Мартин Сипковски (19) е првиот Македонец кој потпиша ...
Ленени кошули во сите бои се хит за лето 2023 – идеи како да ги комбинирате со стил (фото) Со комплет ленени или со тексас шорцеви, со фармерки или долги летни панталони –...
Ремек дело: Четвртата SON OF SALOME колекција „Реквием“ Колекцијата Реквием е истражување инспирирано од ремек-делото на Бернини Екстаза...
9 модни грешки поради кои не изгледате добро, ниту во тренди облека Носите облека со погрешна големина и го заборавате накитот – кои модни грешки мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Само животот што се живее заради другите е вреден за живеење.
Албер Ајнштајн (1879-1955)