За здрава кожа која дише

eucerin-za-zdrava-koza-koja-dise-povekjeТешко дека може да се најде друг начин што ни дава чувство на свежина и опуштеност, како што е длабокото вдишување на чист воздух.


       ПР текст

Колку подлабоко вдишуваме, толку повеќе кислород внесуваме во нашите клетки и изгледаме посвежо и порелаксирано.

eucerin-za-zdrava-koza-koja-dise-1

Но, постои и втор, речиси незабележлив начин на внесување на кислород, а тоа е преку нашата кожа. Студиите покажуваат дека атмосферскиот кислород е значаен снабдувач со кислород за површинските клетки на кожата, додека транспортот на кислород преку крвта има само мало значење. Токму затоа е исклучително важно да се користи медицинска козметика која овозможува ефикасно чистење, овозможувајќи и притоа на кожата на лицето слободно да дише. Во спротивно ќе биде ограничен протокот на кислород во клетките на кожата, ќе се намали интензитетот на регенерација на клетките и чувството на свежина.

Поттикнати од овие знаења, Еуцерин креираше нова, иновативна линија за чистење на лицето Eucerin DermatoCLEAN. Станува збор за 5 исклучително ефикасни производи,  кои нежно, темелно и длабински ја чистат кожата, овозможувајќи и слободно да дише, што е особено значаен чекор на патот до убава и негувана кожа на лицето.

Наутро се отстрануваат остатоците и вишоците на кожата како себумот и потта создадени во текот на ноќта, додека навечер овозможува ефикасно да се отстранат нечистотиите и шминката. Чистењето на лицето е важен дел од рутинската дневна нега, подеднакво важно како и користењето на кремите. Чистењето на кожата со Eucerin DermatoCLEAN ги поттикнува регенеративните процеси, обезбедува оптимална хидратација, и ја подготвува кожата за употреба на Еуцерин кремите. Колекцијата Eucerin DermatoCLEAN има висока дерматолошка вредност, производите се клинички тестирани, не содржат алкохол и други вештачки додатоци и се особено погодни за осетлива кожа.

Колекцијата Eucerin DermatoCLEAN вклучува млеко за чистење- Mild Cleansing Milk, тоник за чистење-Clarifying toner, гел за измивање Cleansing gel, отстранувач на шминка-Waterproof Eye Make-up remover и флуид DermatoCLEAN 3-in-1 Micellar Cleansing Fluid кој комбинира три производи во еден, го чисти лицето како гел, освежува како тоник и нежно и ефективно ја отстранува шминката.

eucerin-za-zdrava-koza-koja-dise-2

Би можело да ве интересира:

Aнтониа Гиговска го обожава трендот кога долната облека се носи како дел од стајлингот (фото) Бралет или градник под сако... Моден тренд кој го обожава и Антониа Гиговска и с...
10 класични парчиња облека кои се хит со децении (а и денес) Поради таканаречената брза мода, трендовите се менуваат не само секоја сезона, т...
10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се ...
Маја Гроздановска со ќерката, Светлана Црнокрак блеска: Атмосферата меѓу посетителите на Скопски мод... Маја Гроздановска Панчева со помалата ќерка од публиката ја бодреше поголемата ќ...
Кралица на стилот: Модни погодоци на Северина кои ќе ви послужат како инспирација Широки костими, елегантни фустани, впечатливи мрежести комбинезони - дел од најв...
Модни утки и погодоци - Што носеа ѕвездите на Governors Awards 2024? (фото) Пенелопе Круз, која важи за жена со префинет стил, овој пат потфрли со бел фуста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ни најголемото страдање не може да те уништи сé додека има зрак надеж.
Пам Браун