Програма Баскер Фест 2011
Од 3-ти до 12-ти јуни низ улиците на Скопје ќе се одржи Баскерфест по 6ти пат. Овој веќе одлично етаблиран уличен фестивал на градот во текот...
...на своето случување му дава посебна енергија и шарм.
Оваа година свеченото отворањето ќе се случи во рамките на Веро центарот со спектакуларниот настап на Ablikim, Wire walk (одење по жица) кој ќе ја загрее атмосферата за деновите кои следуваат.
Добрата репутација со која се стекна оваа манифестација во изминатите години, како и збогатената програма која се очекува да се случи низ улиците на Скопје ги охрабрува организаторите да очекуваат многу поголем број на посетители од минатите години.
По завршувањето на Баскерфест во Скопје, уличната магија се префрла во Сплит, Шибеник и Будва, со што го добива приматот „најголем уличен фестивал на Балканот“.
Во прилог програмата за фестивалот: