Сконцентрирајте се!

skoncentrirajte-se-povekjeМногу луѓе патат од недостиг на концентрација и ова најчесто штети на работата, учењето и останатите секојдневни обврски. Слабата концентрација доведува...

 

...до послабо помнење. Со подобрена концентрација го подобрувате и квалитетот на животот и сопствениот успех.

Време е да поработите на својата концентрација? Како?

skoncentrirajte-se

1. Два пати во денот вежбајте така што 5 до 10 минути размислувајте само за еден одреден објект. Тој објект нека поседува детали кои можете да ги замислите, но истовремено треба да биде едноставен, за да го видите во вашите мисли.

Добар пример е јаболко, молив, лице на дете или животно. Одберете нешто што ќе може лесно да си го замислите. Обидете се да го визуелизирате тој предмет и држете го фокусот до 10 минути.

2. Испразнете ги своите мисли. Голем непријател на концентрацијата е ум полн со мисли. На хартија запишете ги сите работи кои треба да ги запомните и направите.

3. Визуелизирајте ги активностите. Ако пред себе имате една важна задача или цел која сакате да ја постигнете, пред да почнете со активноста, визуелизирајте ги потезите. Ова помага при концентрирањето.

4. Правете една работа во одреден временски период. Така ќе може да се фокусирате на една работа. “Мултитаскингот“ на кој се склони жените, само ќе ви одмогне и ќе ја намали вашата работна способност. Работите завршувајте ги една по една.

5. Наградете се. Пред да се фатите за работа одредете како ќе се наградите за завршената работа. Може да биде излегување со пријателите, нова книга или пак гледање неколку епизоди од најдрагата серија.

Би можело да ве интересира:

10 реални илустрации за тоа колку ни беше различен животот пред паметните телефони и онлајн достават... Порано беше незамисливо да се каже НЕ на роднина од друг град кој сака да преспи...
Од инструкторка по скијање, до разгалена богаташка: Колку се промени животот на Ивана Трамп по брако... Иако пробувала да се однесува приземјено, Ивана несомнено ги сакала парите и рас...
„Поминав цела деценија во заробеништво, на 10 минути од дома – на 14 години ме киднапира маж кој мис... На 14-годишна возраст, Тања Кач минувала низ тежок период поради разводот на род...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Луѓето кои биле во култ откриваат кога сфатиле дека се заробени „Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми р...
Импресивни и уникатни работи што може да ги видите во земјите ширум светот (фото) Смешна реконструкција на скелет на изумрено животно, граница меѓу две држави кој...

Најчитани неделава

Среќа е кога тоа што го мислите, кажувате и правите во хармонија.
Махатма Ганди (1869-1948)