План за исхрана: Ден 23 - за појадок авокадо тост, за ручек пилешко со зеленчук


План за исхрана: Ден 23 - за појадок авокадо тост, за ручек пилешко со зеленчук

den-23-001.jpg

Појадок: Авокадо тост со јајца

Од едно средно авокадо кое е веќе меко, исечете половина, излупете го и испасирајте го со вилушка во еден сад со лукче во прав и маслиново масло. На страна сварете две јајца. Од намазот намачкајте на две парчиња интегрален леб, додадете го јајцето одозгоре и наросете свеж магдонос. Со ова испијте 150 g Balans+ јогурт. 1 голема шолја црно кафе.

*** Авокадото е добар извор на здрави масти, полифенолни соединенија кои служат за заштита од слободни радикали, одличен извор на минерали особено калиум и магнезиум, витамини, најмногу A и Ц кои се важни антиоксиданси и најдобро од се, авокадото е добар извор на растворливи и нерастворливи диетни влакна кои имаат главна улога во регулирање на дигестивната рамнотежа. Заедно во комбинација со Balans+ јогуртот и житарки е совршена комбинација за хранлив и богат појадок.

Ручек: Пилешко со зеленчук и соја сос

На тивок оган на маслиново масло пропржете 100 g пилешки гради заедно со две чашки замзнат зеленчук (боранија, грашок и сл.) додека месото не омекне, а зеленчукот стане крцкав. Во посебен сад измешајте една лажица соја сос и масло од сусам и наросете ја смесата врз пилешкото и зеленчукот. Сервирајте со половина шолја сварен интегрален ориз. 1 шолја билен чај или вода.

Ужинка:

Овошен јогурт од 100 g Balans+ кисело млеко и смрнати боровинки

Вечера: Туна салата

Измешајте 100 g добро исцедена туна на парчиња од конзерва со 2 чашки исечкана марула, едно исечкано сварено цвекло, обарени китчиња од една брокула и три црни маслинки. Одозгора наросете со една лажица маслиново масло и сок од лимон.

Кликнете ТУКА за ден 22 од исхраната.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 24 од исхраната.

Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана

Би можело да ве интересира:

План за исхрана: Ден 7 - За појадок пица-брускети, за вечера супа Појадок: Здрави пица брускети. Потпечете три интегрални лепчиња со домат, сечкан...
План за исхрана: Ден 15 - за ручек туна салата, за вечера печурки во ф... Појадок: „Студени“ житарки. Една шолја незасладени житарки богати со влакна. Едн...
План за исхрана: Ден 9 - За ручек посна тава зеленчук, за вечера пилеш... Појадок: Тост со јајца. Две тврдо варени јајца. Едно парче интегрален тост леб. ...