План за исхрана: Ден 25 - за појадок овесна каша со семки, за вечера мисиркино на кинески начин


План за исхрана: Ден 25 - за појадок овесна каша со семки, за вечера мисиркино на кинески начин

den-25-001.jpg

Појадок: овесна каша со семки

50 g овес во зрно го вариме 10 минути додека да омекне добро. Откако ќе се свари додаваме 2 супени лажици мелено ленено семе, 2 лажици ленено масло, 15 g семки од тиква, сусам и сончоглед и сето ова добро го промешуваме со 1 канче кисело млеко Balans+. 1 голема шолја кафе

Ручек: Јунешко со зеленчук

Mесото се сече на големи коцки и се пече од сите страни, додадете сол, зачини - мајчина душица, магдонос. Покријте и оставете на тивок оган околу половина час, додадете неколку големи глави исечкан лук. Од зеленчук се служи со модар патлиџан, тиквичка и пиперка.

Ужинка:

1 среден портокал и шолја зелен чај

Вечера: Мисиркино на кинески начин

Кинеската зелка или обична, околу 200 g пржете ја кратко во врело масло неколку минути, па додадете го мисиркиното месо 150 g, исечкано на лентички и динстајте и на крајот на готвењето додадете малку сиров сусам. На крај полијте со домашен прелив од маслиново масло, една мала лажичка мед, лимон и бибер.

Кликнете ТУКА за ден 24 од исхраната.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 26 од исхраната.

Автор: Александра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана

Би можело да ве интересира:

План за исхрана: Ден 14 - За појадок мафини, за вечера авокадо салата Појадок: Интегрални мафини со спанаќ, маслинки и семиња. 1 чаша интегрално брашн...
План за исхрана: Ден 16 - за ужина темно чоколадо, за вечера тиквички на скара Појадок: Сладок манго појадок. Во едно канче кисело млеко Balans+ додадете 3 суп...
План за исхрана: Ден 4 - За ручек пилешко на скара, за ужина овошен јогурт Појадок: Каша од просо со семки и кисело млеко Balans + Мала шолја просо, кое е ...