Предности на хранење на бебето со парчиња храна наместо каши - интервју со Катерина Галиќ, инструктор за BLW метод на исхрана

6. Кои се најголеми алергени во исхраната и како треба правилно да се воведуваат во менито кај децата?

За било какво внесување на алерген, разговарајте со педијатарот на вашето дете, можете да ги изнесете информациите кажани подолу, па заедно да одлучите кој алерген кога треба да се внесе во исхраната.

prednosti-na-hranenjeto-na-bebeto-so-parcinja-mesto-blendirana-hrana-intervju-so-katerina-galik-instruktor-za-blw-metod-na-ishrana01_7.jpg

Во секоја држава има различни топ 10 алергени, но најчестите се : млеко, пченица, сусам, риба, јајца, кикирики (јатки), соја, школки, ракови..

По неодамнешната студија објавена во 2017 година (LEAP – Learning early about peanut allergy http://www.leapstudy.co.uk/) во која научници од Велика Британија и Америка открија дека со раното воведување на кикирики, алергијата кај новореденчињата се намалила за 70/80%, за кое темелно истражување, има препораки кои се прифатени во Америка (National Institute for Allergy and Infectious Diseases), Канада, Велика Британија, а тоа е, алергените треба да се воведуваат кога се почнува со дохрана, а не да се одолговлекуваат. Повеќе информации можете да најдете на овие 3 линкови: Линк 1, Линк 2, Линк 3

Според алергологот за деца, кој е член на организацијата во која што сум и јас, за еден алерген да биде препознаен, мора да се внесат до 8 мали лажички од истиот во рок од 3-4 часа. На пример, не може да се внесе млеко од бадем, затоа што е разводнета концентрацијата на протеинот во истиот и телото може да не го препознае. Внесувањето може да биде мелено во каша или во форма на путер, (никогаш директно од лажица, путери од јатки се потенцијални гушачи дури и кај возрасни).

7. Честопати децата гледаат ТВ или цртани на таблет додека јадат, зошто е ова погрешно? 

Заедничките оброци, сите на маса, се една од најинтересните дружења. Тука се учат навиките, се разменуваат мислења, се комуницира на друг начин, се негува традицијата. Нешто што останува во нас, длабоко во нашата меморија. 

Многу од нас, се нашле во ситуација, каде што, за да некој оброк биде изеден, се инволвира помагало, како играчка, ТВ, мобилен, ајпад и други гаџети. Зошто е ова погрешно? 

prednosti-na-hranenjeto-na-bebeto-so-parcinja-mesto-blendirana-hrana-intervju-so-katerina-galik-instruktor-za-blw-metod-na-ishrana01_4.jpg

Со понудена дистракција, ги учиме децата дека оброкот е нешто што треба одма да заврши, да го баталиме побргу. Ова изгледа како совршена опција на почетокот, но подоцна ќе се развие во многу поголем проблем, со низа последици:

  • Несвесно јадење
  • Погрешни сигнали од мозокот до телото, најчесто резултира со никакви сигнали за тоа колку е изедено, пропратено со лоша слика за храната
  • Нездрава навика
  • Намален метаболизам (погрешно согорување) 
  • Никакво задоволство
  • Лоша социјализација со семејството.

Доколку сте веќе во оваа турбина, има начин како да ја подобрите средината кога се јаде:

  • Бидете пример, пробајте да не го правите истото за време на фамилијарните оброци
  • Постепено намалувајте ја оваа навика или престанете веднаш ладнокрвно (не постои, се расипа)
  • Пренесете дека од овој момент, ја нема таа дистракција “Извини, ама нема повеќе “нешто”. Не мора да јадеш, се е во ред. 
  • Бидете конзистентни во одлуките, ако планирате да попуштите, зборот НЕ, добива никакво значење. 
  • Пуштете музика, седете заедно на маса, разговарајте за тоа што е послужено, за денот... 

Немојте да се обвинувате, родителството воопшто не е лесна работа и не доаѓа со прирачник, секој со својот терк, интуиција и став.

8. Често поставувано прашање од мајките: Како да го одвикнам детето од каши, не сака да јаде ништо во цврста форма?

prednosti-na-hranenjeto-na-bebeto-so-parcinja-mesto-blendirana-hrana-intervju-so-katerina-galik-instruktor-za-blw-metod-na-ishrana01_2.jpg

Јадењето испасирана храна, значи дека истата може да се голтне или вшмука, нема потреба да се џвака. Затоа, мој совет е што побрзо да менувате начин на приготвување и да му дадете можност на бебето да почне да џвака.

Да му се дозволи на бебето да научи да џвака е еквивалентно на можноста да му се дозволи да лази или да оди. Џвакањето е важно од многу причини, вклучувајќи го и говорот, добра дигестија и безбедно јадење (не директно голтање).

Постепено преминување кон поцврста храна и менување на текстурата. На запад, дури и во традиционалното хранење, храна во парчиња се служи на 9 месеци (со јасни препораки, како се служи и што се дава). Мора да бидете упорни во нудењето, да бидете пример како тоа се прави, да бидете одговорни што е послужено и кога, а бебето да биде одговорно колку и што ќе изеде. Така, не им се мешаме во можноста да ги препознаат сигналите кога се сити, а кога се гладни.

9. Совет за родителите кои сакаат да ги хранат децата по BLW метод?

Моја препорака е добро да се запознаат и да го истражат овој метод, пред да му дадат парче храна на своето бебе, има и зошто.

10. 3 омилени рецепти за најмалите на @majkatakata

Фритери од слатка пченка со спанаќ

Лепче со банана (Banana bread)

Пица со јајца или зелена фритата

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg