5 филмови што ќе ги инспирираат студентите по право (и се забавни за гледање)

За моментите кога ќе ви треба инспирација или мотивација, ви нудиме 5 филмови чија тема е правото и кои може да ви покажат како ќе изгледа вашата идна професија. За да не е сè толку сериозно, на листата е и комедијата Legally Blonde, која е истовремено и забавна и поучна.

5-filmovi-shto-kje-gi-inspiriraat-studentite-po-pravo-01.jpg

Студирањето право најчесто е стресно и бара многу жртви. Но, тоа истовремено може да биде и многу интересно. 

Дел од предизвиците со кои се соочуваат студентите по право, но и правниците, се прикажани во многу познати филмови. 

Во продолжение, 5 инспиративни филмови што треба да ги погледне секој студент по право:

To Kill a Mockingbird

Легендарниот филм со Кери Грант е базиран на истоимениот роман на Харпер Ли.

Приказната го следи адвокатот Атикус Финч кој брани невин афроамериканец обвинет за силување бела жена.

Филмот зборува за расизмот, неправдата и борбата за вистината, а неговата порака може да ги инспирира студентите по право кои се залагаат за вистина и еднаквост.

Erin Brockovich

Ова е инспиративна приказна за самохрана мајка (Џулија Робертс) која, иако нема формално правно образование, успева да открие како опасното загадување на водата предизвикува болест кај жителите на мало гратче во САД.

Филмот покажува колку е важно да постои истрајност и бестрашност во борбата за правда и како правниот систем може да се користи како средство за заштита на луѓето од моќните корпорации.

A Few Good Men

Овој воено-правен трилер го следи животот на млад адвокат (Том Круз) кој брани двајца маринци обвинети за убиство на свој колега.

Филмот се фокусира на прашања поврзани со воена етика, одговорност и правда.

Покрај Круз, во филмот глумат и Деми Мур и Џек Николсон.

Legally Blonde

Оваа комедија ја следи Ел Вудс (Рис Витерспун), типична американска русокоса која запишува право на Харвард за да си го врати поранешниот дечко.

Иако делува смешно, филмот сепак нуди силна порака за самодовербата, интелигенцијата и борбата против стереотипите.

Ел покажува дека изгледот не смее да се користи како мерило за тоа колку е некој способен и дека успехот може да се постигне со упорност и многу работа.  

Philadelphia

Овој емотивен филм го опишува животот на правникот Ендру Бекет (Том Хенкс) кој ја губи работата затоа што е заразен со ХИВ.

Со помош на адвокатот Џо Милер, Ендру ја тужи својата поранешна фирма за дискриминација, бидејќи смета дека го отпуштиле затоа што е геј, а не болен.

Филмот ги истражува прашањата поврзани со човековите права, правда и достоинство, и покажува како правото може да биде оружје во борбата против предрасудите и неправдата.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg