Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови кои реалистично ги прикажуваат проблемите со менталното здравје (и кај деца, и кај возрасни)

Melancholia

Иако на прв поглед изгледа како научно-фантастичен филм, Magnolia е далеку од тоа.

Дејството е сместено пред самото уништување на Земјата, кога мистериозна планета се приближува кон неа, а судирот е неизбежен.

Бидејќи уште на почетокот е јасно дека сите ликови ќе умрат од судирот со планетата, додека го гледате филмот, ќе ја чувствувате безнадежноста што ја чувствуваат луѓето со депресија.

We Need to Talk About Kevin

Главните ликови во филмот се членови на дисфункционално семејство, чиј најголем проблем е синот Кевин.

Неговата мајка забележува дека се однесува чудно, па дури и злобно, но секогаш бара начин да му прости и да го сака.

Но, Кевин сè повеќе наликува на психопат…

Good Will Hunting

Мет Дејмон го глуми Вил Хантинг – млад математички гениј со проблематично однесување и трауматично минато.

И покрај завидниот интелект, Вил се чувствува изгубено и не може да го најде своето „јас“.

Со помош на психијатар (Робин Вилијамс), Вил се соочува со своите демони и се обидува да го остави проблематичното минато зад него.

Girl, Interrupted

Главниот лик е 18-годишната Сузана, која по нервен слом се предозира со лекови и алкохол.

По инцидентот, младата девојка е присилно однесена во психијатриска болница.

Преку пациентите, филмот со Анџелина Џоли и Винона Рајдер во главните улоги, одлично доловува разни психички проблеми и предизвиците кои доаѓаат со нив.

Silver Linings Playbook

Во Silver Linings Playbook, го гледаме Бредли Купер во улога на маж со биполарно нарушување кој само што излегува од ментална установа.

Додека се обидува да го подобри односот со поранешната сопруга, тој запознава млада девојка која и самата има некакви проблеми со менталното здравје.

Иако филмот наликува на романтична комедија, многу добро прикажува како изгледа животот на лицата со биполарно нарушување.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg