10-те најдобри филмови за 21-ви век, според гледачите

Неколку филмови на единствениот Кристофер Нолан, но и анимиран филм кој прикажува иднина која е премногу реална за нас – кои се најдобрите филмови за 21-ви век, според гласачите на IMDb?

10-te-najdobri-filmovi-za-21-vi-vek-spored-javnosta-01.jpg

Во двете децении од 21-ви век, кинематографијата доживеа вид ренесанса.

Некои технологии се усовршија, а се развија и сосема нови кои им даваат можност на режисерите да ја пренесат својата визија што е можно поверодостојно.

За оваа листа ги издвоиме филмовите со највисоки оценки на IMDb, кои имаат над еден милион гласови.

Па, кои се најдобрите филмови за 21-ви век? Дали би додале некој на листата?

Django Unchained

Оценка: 8.5

Еден од најдобрите филмови на Квентин Тарантино се фокусира на робовладетелскиот период во САД.

Главниот лик е Џанго – Афроамериканец кој бил роб и по ослободувањето тргнува на мисија да ја спаси неговата сопруга која е робинка на плантажа.

WALL-E

Оценка: 8.5

Гледан од денешна перспектива, анимираниот филм на Pixar прикажува иднина која е премногу реална.

Главниот лик е малиот робот Wall-E кој останал на земјата, откако човештвото морало да ја напушти бидејќи е многу загадена.

Неговата задача е (залудно) да го собира отпадот што го оставиле луѓето.

The Prestige

Оценка: 8.5

Кристијан Бејл, Скарлет Јохансон Хју Џекмен треба да ви се доволна причина да го изгледате The Prestige.

Главните ликови се двајца магионичари кои по трагична несреќа стануваат непријатели.

Додека пробуваат да се надминат еден со друг, тие жртвуваат многу.

The Departed

Оценка: 8.5

Забавната крими-драма има одлична актерска екипа, вклучувајќи ги Џек Николсон, Леонардо ди Каприо и Мет Дејмон.

Главните ликови се шпион и таен агент кои пробуваат да го скријат својот вистински идентитет, но и да се инфилтрираат во ирска банда.

Gladiator

Оценка: 8.5

Со Расел Кроу во главната улога, Gladiator го следи животот на гладијаторот Максиумус.

По сплет на околности, тој станува гладијатор и пробува да се одмазди на оние кои му го уништиле животот.

Interstellar

Оценка: 8.7

Interstellar е филм кој нема да ве остави рамнодушни, дури и ако не сакате научна фантастика.

Дејството е сместено во период кога човештвото е на раб на умирање, a група астронаути пробуваат да најдат планета соодветна за живот за да го спасат.

Филмот изобилува со надреални сцени и емотивни моменти, па дефинитвно ќе го мислите долго откако ќе го изгледате.

Se7en

Оценка: 8.6

Морничав трилер со Бред Пит и Морган Фримен во главните улоги.

Тие се детективи кои пробуваат да фатат сериски убиец чии убиства се инспирирани од седумте смртни гревови.

Inception

Оценка: 8.8

Уште еден филм на генијот Кристофер Нолан, овојпат со фокус на соништата.

Група луѓе пробуваат да всадат идеја во умот на маж, така што влегуваат во неговите соништа ги и контролираат.

Трилогијата Lord of The Rings

Првиот и вториот дел од трилогијата имаат оценка 8.8, додека последниот – 9.

Адаптацијата на епската приказна на Толкин повеќе од две децении важи за најдоброто филмско остварување.

Она што го прави филмот уште подобар е и користењето на практични ефекти, наместо компјутерски анимации.

The Dark Knight

Оценка: 9

На врвот се наоѓа уште еден филм на Кристофер Нолан.

The Dark Knight е вториот дел од трилогијата на режисерот за популарниот суперхерој Бетмен. Првиот е Batman Begins, додека вториот - The Dark Knight Rises. И, препорачливо е да ги изгледате сите за да ја сфатите приказната.

Кристијан Бејл е совршен избор за улогата, а изведбата на Хит Леџер како Џокер важи за една од најдобрите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg