Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни)

Battlefield Earth

Уште еден филм во кој Џон Траволта има „сериозна“ улога.

Дејството е сместено во 3000-та година, период кога човештвото е поробено од вонземјани.

Најинтересно е што филмот е снимен според книга на основачот на скиентолошката црква.

Batman & Robin

Ова е филм за кој самиот Џорџ Клуни вели дека зажалил што го снимил.

Клуни го глуми Бетмен, а покрај него се појавуваат актери како Ума Турман и Арнолд Шварценегер.

За разлика од повеќето филмови на листата, овој и не е толку лош, но дефинитивно е премногу комичен и наивен за мрачен суперхерој како Бетмен.

Gigli

Кога беа пар во раните 2000-тити, Џен Афлек и Џеј Ло снимија заеднички филм, кој важи за најлошиот во кариерата на познатиот актер.

Афлек глуми платен убиец кој е најмен да киднапира личност со ментална попреченост. Во меѓувреме, личноста што го плаќа најмува друг убиец да го следи.

Од некои од дијалозите помеѓу ликовите на Бен и Џеј Ло ќе ве „изеде туѓ срам“, но сепак вреди да го изгледате.

The Wicker Man

Оригиналниот The Wicker Man од 1973 година се смета за филм кој го дефинира жанрот на хорор филмови инспирирани од фолклорни приказни.

Но, римејкот од 2006-та се смета за можеби најлошиот со Николас Кејџ. А, верувајте ги има многу.

Во филмот Кејџ глуми маж кој оди на приватен остров за да најде исчезнато девојче. На островот живее заедница, односно морничав култ кој се заканува да ја убие.

Cats

Мјузиклот Cats е популарно шоу на Бродвеј кое се емитува уште од далечната 1981 година.

Филмот, од друга страна, е нешто неописливо.

Главните ликови во мјузиклот се мачки – нешто што може да изгледа забавно на театарска сцена.

Но, во филмот актерите се претворени во хуманоидни мачки со помош на компјутерска анимација и изгледаат вознемирувачки.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg