10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни)

The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, додека за Movie 43 до денес е нејасно како има актерска екипа со ѕвезди како Кејт Винслет и Хју Џекмен. Кои лоши филмови станаа култни и вреди да ги изгледате?

10-uzhasni-filmovi-koi-vredi-da-gi-izgledate-vekje-se-smetaat-za-kultni-01.jpg

Има безброј лоши филмови и тешко е да се изберат „најдобрите“. Но, некои од нив станале толку популарни, што се сметаат задолжителни за гледање, па дури и култни.

Во оваа категорија обично доминираат пародии на познати филмови, но има и наслови за кои режисерите биле сигурни дека прават ремек-дело.

А, и не заборавајте дека ова се филмови што сигурно ќе ве насмеат, дури и ако се обидуваат да обработат сериозна тема.

10 ужасни филмови кои вреди да се изгледаат:

The Room

The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња, но кој мора да го изгледате.

Томи Визо е сценарист, режисер, но и актерот кој ја има главната улога во филмот.

Дејството се фокусира на маж чија девојка го изневерува.

Од бесмислени дијалози, до ужасна глума и чудни секс-сцени, The Room е искуство што мора да го доживеете.

Movie 43

Ова е филм за кој никој не сфаќа како воопшто бил снимен, особено кога ќе се земе предвид дека актерската екипа ја сочинуваат ѕвезди како Кејт Винслет, Ема Стоун, Крис Прат, Хали Бери и Хју Џекмен (чиј лик има тестиси на лицето).

Филот е всушност склоп на неколку кратки приказни кои нема како да ви ги опишеме, што значи единствено ви останува да го изгледате.

Gotti

Џон Траволта дефинитивно се обидува да делува сериозно во најлошиот крими филм што ќе го изгледате.

Филмот е инспириран од вистинската приказна за американскиот гангстер Џон Готи и се фокусира на неговото судење.

Disaster Movie

Disaster Movie е пародија која ги исмејува филмовите со природни катастрофи, а има референци на бројни познати филмови од сите жанрови, како Juno, No Country for Old Men, Kung Fu Panda

Не мора да ви објаснуваме дека филмот е ужасен, но нагласуваме дека вреди да го изгледате.

Sharknado

И Sharknado се фокусира на природни катастрофи, а се обидува да ве убеди дека е научно фантастична комедија.

Главните ликови се соочуваат со торнадо во кое има ајкули. Односно, треба да се борат со ајкули на копно.

Можеби најчудно за овој филм е што има неколку продолженија.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg