Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови чиј крај ќе ве остави со повеќе прашања, отколку одговори

Cloud Atlas е филм кој не се објаснува и треба да го изгледате, можеби и двапати за да сфатите што сте гледале. The Fountain, пак, раскажува за тројца мажи во разни историски периоди кои трагаат по вечност со нивните љубени.

10-filmovi-chij-kraj-kje-ve-ostavi-so-povekje-prashanja-otkolku-odgovori-01.jpg

Повеќето филмови ни ги разјаснуваат сите мистерии и заплети во нив.

Но, постојат и филмови чии краеви се отворени за интерпретација и нè оставаат со повеќе прашања, отколку одговори.

10 филмови за чиј крај долго ќе размислувате:

The Lost City of Z

Инспириран од вистинска приказна, The Lost City of Z се фокусира на британски истражувач.

Тој верува дека среде амазонската џунгла е скриен древен изгубен град кој е населен.

И покрај предупредувањата, тој тргнува на пат да го најде.

Cloud Atlas

Снимен според истоимената книга на Дејвид Мичел, Cloud Atlas e филм кој не може да се објасни.

Дејството е „расфрлано“ низ неколку историски периоди кои на некој начин се поврзани преку ликовите.

Филмот има одлична актерска екипа која ги вклучува Том Хенкс и Хали Бери.

From Dusk Till Dawn

Ако ги сакате филмовите на Квентин Тарантино, сигурно ќе ви се допадне From Dusk Till Dawn на кој Тарантино е потпишан како сценарист.

Главните ликови се двајца криминалци кои се кријат од полицијата во бар.

Но, набрзо сфаќаат дека барот е полн со вампири, по што почнува општ хаос.

Cube

Нискобуџетен филм кој стекна култен статус и ќе го мислите со денови.

Главните ликови се неколку луѓе кои се будат во соба во форма на коцка.

Набрзо сфаќаат дека се затворени во комплексна градба и треба да најдат начин да излезат од неа.

Predestination

Со Итан Хок во главната улога, Predestination е научнофантастичен филм со патување низ времето.

Хок глуми агент кој е пред пензија. Неговата последна задача е да фати криминалец кој му бега низ времето.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови што со нетрпение ги очекуваме во првата половина од 2025-та Last Breath кој е снимен според морничава, но и фасцинантна вистинска приказна, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg