10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение

Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза магија, сигурно ќе ви се допадне комедијата Death Becomes Her.

10-filmovi-shto-kje-ve-vnesat-vo-esensko-raspolozhenie-01.jpg

Во врнежливите есенски ноќи, нема ништо подобро од тоа да направите огромна порција пуканки и да пуштите забавен филм.

Доколку немате идеја, погледнете нешто од следниве филмови кои ќе ве внесат во есенско расположение:

Murder on the Orient Express

Снимен според истоимената книга на Агата Кристи, Murder on the Orient Express е забавна крими приказна која постојано ќе ве држи во неизвесност.

Главните ликови се неколку патници на возот Ориент Експрес, а помеѓу нив е и добропознатиот детектив до книгите на Агата - Херкул Поаро - кој треба да реши убиство.

Филмот има одлична актерка екипа што ја сочинуваат Пенелопе Круз, Вилем Дефо, Џуди Денч и Џони Деп.

Scent of a Woman

Главниот лик е млад студент кој прифаќа да се грижи за слеп маж бидејќи му требаат пари.

На почетокот, мажот изгледа како огорчен алкохоличар кој не се грижи за ништо, но набрзо поминуваат мошне забавен викенд заедно.

Со Ал Пачино во главната улога, Scent of a Woman е филм кој ќе ви ја промени перспективата за многу работи.

October Sky

Филмот е инспириран од мемоарите на Хомер Х. Хикам – познат инженер на НАСА.

Како син на рудар, тој нема многу избор што да прави со неговиот живот.

Но, инспириран од лансирањето на Спутник 1, почнува да се интересира за ракети и, и покрај негодувањата на татко му, станува инженер, а подоцна се вработува во НАСА.

Clue

Иако е стар, Clue е забавна мистерија што сигурно ќе ви се допадне ако сакате приказни во стилот на Агата Кристи.

Главните ликови се шест луѓе кои добиваат анонимна покана за вечера во чудна куќа.

Но, домаќинот кој ги викнал е убиен, па тие мораaт да соработуваат со куќните помошници за да ја решат мистеријата.

Во меѓувреме, почнуваат да се случуваат и други убиства во куќата.

Practical Magic

Ако порано уживавте во серијата Charmed, сигурно ќе ви се допадне филмот Practical Magic.

Главните ликови се две сестри кои потекнуваат од семејство вештерки.

Тие пораснале со нивните тетки бидејќи родителите им умреле од клетва, а како возрасни пробуваат да се справат со животните проблеми користејќи магија.

Главните ликови им припаѓаат на Сандра Булок и Никол Кидман.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg