10 филмови со сериски убијци од кои ќе ве полазат морници
Ако сакате филм инспириран од вистинска приказна, изгледајте го From Hell. Ако, пак, сакате добар трилер со сериски убиец, нема да погрешите со Fallen.
Иако се вознемирувачки, филмовите со сериски убијци се секогаш популарни.
Ако сте расположени за добра и морничава приказна, сигурно ќе ви се допадне нешто од следниве предлози:
Perfume: The Story of a Murderer
Филм чие дејство е раскажано од перспективата на убиецот.
Откако главниот лик станува опседнат со мирисот на девојка што ја убива, продолжува да убива обидувајќи се повторно да ја почувствува истата арома.
Death Proof
Главните ликови во филмот на Тарантино се три девојки кои налетуваат на морничав маж.
Мажот е сериски убиец кој ги мами жртвите во неговиот автомобил од кои нема никакви шанси да избегаат.
Red Dragon
Снимен според истоимената книга на Томас Харис, ова е уште еден филм со канибалот Ханибал Лектор со Ентони Хопкинс во главната улога.
Дејството е сместено пред настаните во Silence of the Lambs и се фокусира на пензиониран ФБИ агент кој бара помош од канибалот Ханибал за да фати сериски убиец.
The Girl with the Dragon Tattoo
Веројатно сте слушнале, а можеби и сте ја прочитале истоимената книга на Стиг Ларсон според која е снимен и филмот.
Даниел Крег глуми новинар кој е најмен од богаташ со цел да го истражи мистериозното исчезнување на неговата внука.
Но, открива дека семејството на богаташот крие бројни мрачни тајни.
American Psycho
Главниот лик е Патрик Бејтман – богат банкар кој е и психопат.
Додека умешно го крие вистинското лице од пријателите, кога е сам, ладнокрвно убива.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





