Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10-те најгуглани филмови и серии за 2023-та (кои вреди да се изгледаат)

The Last of Us

Скоро секогаш, филмовите и сериите снимени според видеоигри се ужасни. Но, ова не важи за The Last of Us.

Снимена според истоимената популарна видеоигра, главните ликови се маж и младо девојче кои живеат во дистописки свет каде што човештвото е на раб на истребување и кои се во потрага по лек што може да ги спаси.

Wednesday

Хит-серијата на Тим Бартон е една од омилените за 2023-та.

Главниот лик е Венздеј Адамс, а дејството се фокусира на нејзините авантури во училиштето во коешто се запишува (против нејзина волја).

Ginny & Georgia

Серијата која се емитува од 2021-ва се фокусира на тинејџерка и нејзиното семејство кои пробуваат да живеат мирен живот во англиско гратче.

Но, нивниот мир нема да трае долго откако ќе почне да ги демне минатото.

One Piece

Ни филмовите и сериите базирани на аниме не поминуваат нешто најдобро.

Но, One Piece, снимена според истоименото аниме, ги надмина очекувањата и на најголемите фанови на јапонскиот цртан.

Главнит лик е Лафи, пират кој со својот екипаж ги истражува бескрајните океани и егзотичните острови, со цел да стане следниот Крал на пиратите.

Kaleidoscope

Kaleidoscope е одлична крими мини серија која можете да ја најдете и на Нетфликс.

Главниот лик е крадец кој со неговиот тим пробува да украде неверојатни седум милијарди долари.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 филмови од 2024-та кои се фаворити за Оскар Второто продолжение на Dune се очекува да освои уште повеќе статуетки од првото,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg