Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари

Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој јануари?

filmovi-i-serii-na-netfliks-shto-ne-treba-da-gi-propushtite-ovoj-januari-01.jpg

Ако ви се гледа нешто ново (и оригинално) вреди да им дадете шанса на некои нови филмови и серии на Нетфликс.

Дел од нив веќе се на стриминг платформата, а дел ќе имаат премиера овој јануари.

10 нови филмови и серии на Нетфликс:

Good Grief

Главниот лик е Марк чиј свет одеднаш се руши по неочекувана смрт на неговиот сопруг.

Обидувајќи се да се справи со загубата, тој оди на патување во Париз со двајца пријатели. Овде, тројцата се соочуваат со неколку вистини кои им е тешко да ги прифатат.

Lift

Главниот лик е девојка која е професионален крадец.

Таа се здружува со нејзиниот бивш дечко за да укради злато во вредност од 100 милиони долари кое е транспортирано со патнички авион.

Премиерата на филмот е закажана за 12-ти јануари.

The Brothers Sun

Забавна серија со оскаровката Мишел Јео во главната улога.

Главниот лик е гангстер кој се повлекол од криминалот. Но, одеднаш е присилен да оди во Лос Анџелес за да ги заштити мајка му и брат му, откако татко му е убиен.

Griselda

Долгоочекуваната серија со Софија Вергара во главната улога ќе ја им својата премиера на 25-ти јануари.

Вергара ја глуми Гризелда Бланко – една од најозлогласените жени која водела картел.

Boy Swallows Universe

Мини серија чија премиера е закажана за 11-ти јануари.

Дејството е сместено во 1980-тите и се фокусира на момче и неговиот брат кој е нем.

Семејството на двете момчиња е практично уништено од наркобос.

Society of the Snow

Шпанскиот филм е инспириран од неверојатна, но и трагична вистинска приказна.

Рагби играчи и неколку патници летаат со авион кој се руши на Андите.

Тие треба да преживеат во суровите услови, а се принудени и да ги јадат починатите.

Fool me Once

Главен лик во серијата е вдовица која живее со своето мало дете.

Но, одеднаш на камерата на нејзиното дете забележува вознемирувачка снимка од починатиот сопруг…

Bitconned

Забавен документарец кој покажува како измамниците ги користат криптовалутите за да украдат што е можно повеќе пари.

Дефинитивно филм што вреди да се изгледа кога ќе се земе предвид големиот број на вакви измами.

60 Minutes

Главниот лик е експерт за боречки вештини кој се обидува да го задржи старателството над неговата ќерка.

Тој се откажува од важен натпревар за да успее да стигне на нејзиниот роденден.

Премиерата на филмот е закажана за 19-ти јануари.

Berlin

Ако ви се допадна Money Heist, ќе ви се допадне и Berlin.

Дејството на серијата е сместено пред настаните во Money Heist каде што главниот лик Берлин ги планира некои од најамбициозните грабежи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg