10 понови серии за љубителите на психолошки трилери

The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во главната улога се мал дел од поновите серии кои им се допаднаа на љубителите на психолошки трилери.

10-ponovi-serii-za-ljubitelite-na-psiholoshki-trileri-01.jpg

Откако стриминг платформите почнаа да снимаат свои серии, навистина е тешко да се направи избор за гледање.

Ако сакате психолошки трилери, има неколку релативно нови наслови кои не треба да ги испуштите.

10 серии од 2023 и 2024 година што сигурно ќе ви се допаднат:

Ripley

Серијата е снимена според романот The Talented Mr. Ripley според кој има и филм со Мет Дејмон во главната улога.

Дејството на серијата е сместено во 1960-тите, во Њујорк. Главниот лик е Ром Рипли кој е најмен од богат маж со цел да го врати син му од Италија.

Главните улоги им припаѓаат на Ендру Скот, Џони Флин и Дакота Фенинг.

The Lost Flowers of Alice Hart

Со Сигурни Вивер во главната улога, дејството на серијата се фокусира на девојка која била злоупотребувана од нејзиниот татко.

По пожар, таа останува сирак и почнува да живее со нејзината баба која води засолниште за жени жртви на семејно насилство.

The Last Thing He Told Me

Уште една серија со врвна актерка, овој пат Џенифер Гарнер.

Гарнер ја глуми Хана, млада жена која се обидува да го најде исчезнатиот сопруг.

Додека трае потрагата, таа се поврзува со нејзината поќерка.

A Nearly Normal Family

Шведска мини-серија која веднаш стана хит на Нетфликс.

Главните ликови се членови на семејство кое е навидум совршено.

Но, нивната хармонија е нарушена со убиство, па тие прават сè во нивна моќ за да се заштитат едни со други.

The Crowded Room

Психолошки трилер со одлична актерка екипа која ги вклучува Том Холанд и Аманда Сејфрид.

Главната улога му припаѓа на Холанд кој глуми млад дечко кој е уапсен по престрелка во Њујорк.

Преку испрашувањето, тој го открива неговото мистериозно минато и одлуките што го донеле дотука.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg