10 забавни филмови кои ќе ве внесат во летно расположение

Grown Ups, Adventureland, Palm Springs – ако едвај го чекате летото, веруваме дека ќе уживате во некој од следниве филмови.

10-zabavni-filmovi-koi-kje-ve-vnesat-vo-letno-raspolozhenie-01.jpg

Факт е дека повеќето со нетрпение го очекуваат летото, особено периодов кога променливото време нè тера да мислиме дека е ноември.

Од официјалниот почеток на летото нѐ дели скоро цел месец, но тоа не значи дека не мечтаеме за сончевите денови и топлите летни ноќи.

Ако облаците и дождот ви го расипуваат расположението, некој од следниве филмови сигурно ќе ве внесе во летно расположение:

Wet Hot American Summer

Кога беше издаден, филмот не беше најдобро прифатен, но денес има цела армија верни фанови кои го гледаат и 20 години подоцна.

Дејството е сместено во летен камп.

Ликовите имаат уште еден ден на кампот кој сакаат да го направат незаборавен, но многу работи не им одат по план.

The Little Mermaid

Римејкот на популарниот цртан филм на Дизни е вистинско уживање и за возрасните, не само за децата.

А, и нема нешто што повеќе асоцира на лето од море или океан.

Приказната ви е добро позната – сирената Ариел ја заменува својата перка со нозе, со надеж дека ќе го освои срцето на принцот Ерик.

Grown Ups

Главните ликови се група пријатели кои се познаваат уште од детството.

По смртта на нивниот кошаркарски тренер од средно, тие се собираат во куќа во нивниот роден град и пробуваат да се потсетат на безгрижните детски денови.

Но, за разлика од тогаш, сега имаат сопруги и деца…

Adventureland

Дејството на филмот е сместено во летото 1987 година.

Главниот лик е студент кој по дипломирањето се вработува во забавен парк.

Но, набрзо сфаќа дека оваа „обична“ работа најдобро ќе го подготви за животот.

The Way Way Back

Главниот лик е срамежлив тинејџер чии родители се разведени.

Гневен бидејќи мајка му го натерала да одат на гости кај нејзиниот дечко, тој почнува да лута наоколу и наоѓа забавен парк.

Овде, еден од вработените му станува најдобриот пријател.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg