Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” - добитник на престижната BSC Special Achievement Award

Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на ИФФК „Браќа Манаки“. Директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, ја прими наградата на церемонијата на доделување на годишните награди на Британското здружение на кинематографери, која традиционално се одржува на почетокот на февруари во Лондон.

internacionalniot-festival-na-filmskata-kamera-brakja-manaki-dobitnik-na-prestizhnata-bsc-special-achievement-award-01.jpg

Оваа награда претставува исклучителна чест за фестивалот, кој веќе четири и пол децении ја слави уметноста на кинематограферите и ја истакнува нивната клучна улога во создавањето на филмската магија. Како најстар фестивал во светот посветен исклучиво на кинематограферите, „Браќа Манаки“ го носи наследството на Јанаки и Милтон Манаки, првите филмски хроничари на Балканот, чие дело ги постави темелите на визуелното раскажување во регионот.

Британското здружение на кинематографери, кое по американското е најстаро и најбројно национално здружение на кинематографери во светот, ја доделува оваа награда како признание за поединци или групи на поединци што посветено ја слават кинематографијата и придонесуваат за нејзината афирмација. Во нивното  образложение се истакнува дека фестивалот „Браќа Манаки“ не само што ја негува оваа уметничка форма, туку и претставува платформа за нови генерации на кинематографери, кои со својата визија ја обликуваат иднината на светската кинематографија.

- Битола е нашата вечна инспирација, градот каде што светлината и сенките танцуваат во хармонија создавајќи приказни што го надминуваат времето. Лондон, пак, е местото каде што нашите предци ја пронајдоа алатката за оваа магија - нивната камера „ Биоскоп“ со сериски број 300 . Денес со ова признание се затвора кругот меѓу двата града поврзани преку љубовта кон филмот и уметноста на кинематографијата, вели директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.

Претходни добитници на наградата за посебно достигнување се легендарниот кинематографер Јост Вакано, еден од најзаслужните што кинематограферите денес имаат статус на автори, британската Национална школа за филм и телевизија и Меѓународната федерација на кинематографери ИМАГО.

На истата церемонија Наградата за животни дело ја доби кинематограферот Дик Поуп, познат по долгогодишната соработка со режисерот Мајк Ли, а Наградата за најдобра кинематограферска работа во долгометражен филм ја доби Лол кроли за филмот „Бруталист“, еден од најнаградуваните филмови во овогодишната сезона на награди.

 Признанието што го доби ИФФКК „Браќа Манаки“ доаѓа како потврда дека филмската уметност е жива, дека моќта на еден кадар е безвременска идека тие што напродно работат не остануваат незабележани и се почитуваат како најголеми пријатели

Би можело да ве интересира:

10 серии на Нетфликс снимени според (морничави) вистински настани Мистериозни убиства, измами, но и реален приказ на животот на војниците за време...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Рајан Гослинг и уште 8 познати актери кои добиле отказ од филм (и зошто) Меган Фокс го навреди режисерот на серијалот Transformers, го спореди и со Хитле...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“ ја почнува својата ки... Од 1 ноември, петок, филмот ќе почне да се прикажува во „Синеплекс“ и во „Кинове...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg