Филмски викенд: Комплицирани фамилијарни односи

filmski-vikend-komplicirani-familijarni-odnosi-01

За овој викенд ви подготвивме филмови што обработуваат интригантни теми во врска со различните проблеми што владеат во семејствата. Овие филмови не се популарни, но верувам дека постојат некои од вас таму што сака да гледа нешто поинакво.

Со некои од ликовите можете да се поврзете, со некои не баш. Но се надевам дека барем ќе ве инспирираат да си ги разгледате приоритетите во животот и/или односите со луѓете во вашиот живот.

Во било кој случај, сите филмови се со прекрасни теми и возбудливи дијалози, а актерската екипа е кремот на Холивуд. Интересно е да ги видите во поинакви улоги од тие што вообичаено ги глумат.

Уживајте во овој филмски викенд!


Smart People (2008)

filmski-vikend-komplicirani-familijarni-odnosi-1

Овој филм ни ја раскажува приказната за едно дисфунционално семејство. Признавам темата не е нова, но тоа што го прави овој филм интересен е фактот дека сите членови се навистина паметни луѓе.

Го имаме таткото кој е вдовец и арогантен професор на факултет, од оние што се незаинтересирани за своите студенти, и прилично несреќен. Отворено се мрази со својот син, скоро и да не комуницираат, а ќерката што е целосно посветена на своето академско образование го обожава.

После една несреќа професорот завршува со повреда на главата и забрана за возење автомобил. Тука доаѓа неговиот посвоен брат (мислам дека е братот на неговата почината сопруга) кој е измамник и некако не се вклопува во ова претерано паметно семејство. Додека е во болница професорот ќе започне некоја романтична врска со докторката која е негова поранешна студентка. Најголем дел од филмот е посветен во односите меѓу овие ликови.

Иако е драма, има доста комични елементи, но хуморот е ладен, иронија и сарказам, па не е баш за секој. Дијалозите се одлични и доста реално преставени со цел полесно да се поврземе со луѓето во приказната.

Дознаваме дека овие паметни луѓе и не се така среќни, интелектот не доаѓа со упатство за социјализирање со други луѓе, а тоа е баш што им треба на членовите од ова семејство.

Глума: Dennis Quaid, Ellen Page, Thomas Haden Church, Sarah Jessica Parker


Carnage (2011)

filmski-vikend-komplicirani-familijarni-odnosi-2

Филмов тотално ме изненади со својата постава, дијалозите и концептот. Повеќе потсеќа на театарска драма отколку на филм.

Имено имаме 2 пара родители, сместени во еден стан во период од неколку часови. Тие решаваат да се сретнат како би си ги разјаснале причините и последиците од школската тепачка меѓу нивните единаесет годишни синови. Средбата ќе започне културно и со взаемна почит, и полека ги запознаваме карактерите на главните ликови.

Родителите на претепаниот се поскромни, сопругот сака на сите да угоди, а жена му е домаќинка и борец за правда. Другиот пар се поедуцирани и финансиски поситуирани, жената е интелегентна, но емотивно растресена, а мажот крајно незаинтересиран за тековната ситуација.

Секој кажан збор во филмот е круцијален, суптилното навредување, растегнувањето на вистината, превртувањето на туѓите зборови, уметноста во одбранувањето на својот став.

Дијалозите се напорни, но истовремено и интересни, и ве навлекуваат, па често ќе се најдете во исчекување што ќе се каже следно.

Ветувам дека кога филмот ќе заврши ќе посакате да има продолжение за да дознаете што ќе се случи следно. Фантастичен филм, дефинитивно го препорачувам на сите.

Глума: Jodie Foster, Kate Winslet, Christoph Waltz, John C. Reilly


Hesher (2010)

filmski-vikend-komplicirani-familijarni-odnosi-3

Хешер е многу чуден тип, деструктивен и агресивен, тивок и мистериозен, од оние што несакате да ви се појават во животот, или на пат по улица. Ти Џеј е младо дете, сеуште тагува по својата скоро почината мајка, тагува по својот татко кој е пропаднат во депресија и згора на тоа тој е константно малтретиран од силеџиите во школо.

Овие двајца, тотално различни, ќе формираат некое квази пријателство. На почеток изгледа дека Хешер е само дополнителен проблем во животот на детето, но ако останете до крајот на филмот ќе се изненадите.

Тој присилно им се вселува во нивната куќа, а негово хоби е да пали работи и да има агресивни испади кон било што. Со своето лудо однесување ќе успее да ги размрда односите во ова семејство, ќе успее да го освести таткото од самонанесената изолација од светот и да му даде самодоверба на малиот.

На моменти ќе се запрашате зошто го гледам ова, или зошто Хешер ги прави работите што ги прави во филмот. Нема да знаете дали да се смеете или да го прекинете филмот.

Оставам на вас да споделите дали ви се допаднал филмот или не. Трејлерот не ветува многу, но ако сте по комплицирани и тешки филмови, или едноставно сакате да видите нешто поинакво, овој е филмот за вас.

Глума: Joseph Gordon-Levitt, Devin Brochu, Natalie Portman

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg