Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Филмски викенд: Микс од авантуристички акции и научна фантастика

filmski-vikend-miks-od-avanturisticki-akcii-i-naucna-fantastika-01

За овој жежок викенд што не очекува ви припремивме три филмови што се лесни авантуристични акции, што во превод би значело без многу пукање и бркотници со коли. А сите од нив имаат научно фантастични нишки во приказните.

Ако ви се допаѓа The Fifth Element тогаш овие се филмовите за вас.

Сите се случуваат во некои алтернативни светови. И како би бил сечиј вкус задоволен имаме вонземјани, вампири и една поинаква држава измиксани низ различни жанрови.

Уживајте во овој филмски викенд!


Battleship (2012)

filmski-vikend-miks-od-avanturisticki-akcii-i-naucna-fantastika-1

Ако сакате лесен филм за тепање време тогаш препорачувам да започнете со овој. Инспирација за филмот е игрицата Battleship, што незнам дали кај нас има дојдено, но нејзина варијанта се играше во школските клупи
со "лист од средина" и пенкалце.

Филмот се врти околу двајца браќа кои служат на едни од најдобрите воени бродови во американската флота. Но, еден ден ќе се соочат со нешто што не е од овој свет.

Како што ќе слетаат вонземјаните во средината на океанот ќе формираат невидливо заштитно поле околу себе и ќе ги заробат бродовите околу нив, т.е. бродовите на кои служат браќата.

Останува на нив и на нивниот екипаж да ги уништат вонземјаните пред да направат нешто (искрено не разбрав поради која причина дојдоа и по кои критериуми уништуваа работи). Но, нека тоа не ви го одзема вниманието.

Има комични елементи, има убави момци, одлични визуелни ефекти и среќен крај. Има доста познати глумци, а и се појавува Ријана, која дебитира на филмското платно. Мислам дека тоа само по себе е причина зошто да го гледате овој филм.

Режија: Peter Berg
Глума: Taylor Kitsch, Alexander Skarsgård, Brooklyn Decker, Liam Neeson, Rihanna


The Hunger Games (2012)

filmski-vikend-miks-od-avanturisticki-akcii-i-naucna-fantastika-2

Поминаа години од кога ја прочитав првата книга, по која е правен овој филм, и со нетрпение го очекував. Уште на почеток ќе кажам дека доживеав благо раочарување, но тоа најверојатно бидејки имам поголема
фантазија од режисерот што имал буџет. Но, тоа воопшо не значи дека не треба да го погледате.

Приказната се одвива во еден свет што е поделен на 12 области, секој задолжен за одредена гранка од стопанството и работи за да го издржува луксузот и расипништвото што владее во главниот град.

Пред 74 години биле 13 области, но тој бил уништен за време на цивилната војна. Како казна за бунтувањето на граѓаните, претседателот на државата ги организира "Игрите на гладта" каде секоја област е обврзана да прати едно момче и едно девојче (на возраст од 12 до 18 години).

Игрите се пренесуваат како реалити шоу, многу слично на Surviver со тоа што единствен начин како можеш да излезеш од арената е да си мртов. Само еден е победник. Сите други деца треба да умрат.

Филмот започнува со извлекувањето на овогодинашните учестици на игрите, но кога дванаесет годишната сестра на Катнис е извлечена, таа воопшто не се мисли и се пријавува за да ја замени.

Сè што се случува натаму е дел од игрите. Ако ви се допадне филмот тогаш дефинитивно прочитајте ги книгите.

Режија: Gary Ross
Глума: Jennifer Lawrence, Josh Hutcherson, Liam Hemsworth


Underworld: Awakening (2012)

filmski-vikend-miks-od-avanturisticki-akcii-i-naucna-fantastika-3

Последниот дел од серијата филмови што се случува дванаесет години подоцна од таму каде што заврши третиот филм.

Серена ќе се разбуди зашеметена од некоја форма на криогенички сон, полека и треба време да сфати дека пропуштила цели 12 години.

Се буди во тотално различен свет каде вампирите и врколаците се скоро истребени и се води војна помеѓу сите три видови.

Ако раскажам нешто понатаму постои шанса да ви го уништам уживањето. Филмот е забавен и возбудлив и ако сте љубител на Underworld филмовите тогаш треба да го гледате.

Има доста акциони сцени, но некако приказната останува некако недораскажана, можеби се спремаат за петото продолжение.

Некои од актерите што глумеа во предходните филмови недостасуваат во овој дел, но Кејт Бекинсдејл е сè уште најмадафака вампирка во филмската индустрија (не дека има некоја јака конуренција со Бела од Twilight).

Режија: Måns Mårlind, Björn Stein
Глума: Kate Beckinsale, Michael Ealy, India Eisley

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg