Филмски предлози од „Браќа Манаки“

filmski-predlozi-od-brakja-manaki-01

Во сабота започнува филмскиот фестивал Браќа Манаки по 33ти пат. Се очекуваат 150 странски и 300 македонски гости во Битола.

Благодарение на официјалниот партнер Вип оператор, и оваа година ќе уживаме на високо ниво во филмскиот избор.

Ние одбравме 5 филмови од официјалната програма кои веруваме дека ќе го задржат вниманието на публиката:

1. Трето полувреме

filmski-predlozi-od-brakja-manaki-1

Шпиц е германски евреин, тренер на историскиот македонски фудбалски тим што во текот на Втората Светска Војна, под негово водство, стана шампион на Националната фудбалска лига, контролирана од фашистите. Вистинска приказна...


2. Балканот не е мртов

filmski-predlozi-od-brakja-manaki-2

Годината е 1905. Европа во времето на Бел Епок. Европјаните ентузијастички го отпоздравуваат новиот век, ја поздравуваат новата епоха што конечно ќе го обедини стариот континент... Истовремено, далеку на Балканот се распаѓа големата Отоманска Империја...


3. Ова мора да е тоа место

filmski-predlozi-od-brakja-manaki-3

Шајен, остарена рок-ѕвезда на 50 години се’ уште се облекува „Готски“ и живее во Даблин. Смртта на неговиот татко го носи назад во Њу Јорк за да го најде човекот виновен за понижувањето на татко му, поранешен нацист-криминалец кој е бегалец во САД. Шајен решава да продолжи каде татко му запрел, и почнува патување низ Америка...


4. Реалност

filmski-predlozi-od-brakja-manaki-4

Лучано е неаполски сопственик на рибарница, кој го дополнува својот скромен буџет со тоа што прави мали далавери заедно со жена му Марија. Допадлив, забавен дечко, еден ден неговото семејство го наговара да се обиде да влезе во Големиот Брат. Додека трча по својот сон, неговата перцепција за реалноста почнува да се менува…


5. Да се живее

filmski-predlozi-od-brakja-manaki-5

Студена руска провинција. Една мајка сака повторно да ги најде своите близначки. Млада двојка се венчава во црква, но веднаш по церемонијата, Господ – или можеби Ѓаволот, или можеби слепата судбина, ја тестира нивната љубов на најбрутален начин. Едно момче сака да се види со неговиот отуѓен татко, и покрај насилното негодување на неговата мајка. Сите овие ликови поминуваат низ своја сопствена голгота…

Останатиот дел од програмата може да го погледнете на следниот линк: http://www.manaki.com.mk

Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg