Филмски викенд: Комедии

За овој викенд ви подотвивме филмови кои во основа се комедии но се измешани со еден куп други жанрови како научна фантастика, фантазија, пародија, акција...  прекрасен хаос од жанрови.

filmski-vikend-komedii-01

Сите се забавни и интересни за гледање на свој начин, па ако немате што да правите на ова дождливо време можете слободно да изберете нешто од понуденово.

Уживајте во овој филмски викенд!


The Dictator (2012)

filmski-vikend-komedii-1

Уште на самиот старт морам да напишам: Ако не ви се допаднал Бруно или Борат, тогаш овој филм не е вас! (...и да: побарајте помош да си ја најдете смислата за хумор). А за сите останати, спремете се за одлепениот Саша Барон Коен и неговите напади кон се живо и диво.

Аладиин е владетел на мала земја Вадија, каде жителите се многу несреќни и се бунтуваат претив неговиот режим на владеење и сакаат да воведат демократија. Тој заминува во Њујорк за да зборува за/против нуклеарната програма во својата земја, но после еден обид за атентат животот ќе му се искомплицира поприлично многу.

Гледајки ги неговите патешествија, гледаме како го исмејува современиот живот почнувајќи со расните и полови разлики, старосните разлики, ги исмејува инвалидите, терористите, политичарите, хомосексуалците, евреите и воопшто сите диктатори.

Искрено мене хуморот ми беше малку слаб, очекував да биде пооштар и побистар, но сепак некои моменти ме изненадија и се смеев на глас.

Режија: Larry Charles
Глума: Sacha Baron Cohen, Anna Faris, Ben Kingsley


Men in Black 3 (2012)

filmski-vikend-komedii-2

Вил Смит во својата најпопуларна улога. Мислам дека доволно години се поминати што дури и сме заборавиле дали ни се допаѓале првите два дела или не. Но, никој не ви светнал со сајфај пенкалце во очи, и после првите две минути ќе ви се вратат сите спомени.

Филмот се случува после 14 години од вториот дел каде што застана, агентот Кеј и агентот Џеј се партнери долго време, но Кеј не сака да разговара за одреден вонземјанин што го бркал во минатото.

Се случуваат луди и непредвидени работи, па Џеј завршува дааалеку во минатото и пробува да ја доведе во ред сегашноста (т.е. иднината).

Филмот има сè што треба да има една комедија, паметни шеги и референци, глупави смешки, супер компјутерски ефекти и брзо темпо.

Филмот е лесен а забавен, а патем ќе ве натера да мислите што се правеле во '97 кога се појави првиот дел.

Го препорачувам на сите што сакаат да поминат лежерна вечер дома сами или со друштво.

Режија: Barry Sonnenfeld
Глума: Will Smith, Tommy Lee Jones, Josh Brolin


Dark Shadows (2012)

filmski-vikend-komedii-3

Последното режисерско дело на Тим Бартон, кој е во стил како и предходните. И исто како предходните и ова е преработка од веќе раскажана приказна.

Се зборува за фамилијата Колинс што го изградила градот Колинспорт со својот рибарско-трговски бизнис. Барнабис Колинс е главниот лик и раскажувачот во филмот. Тој ќе ги искористи чувствата на една млада заљубена девојка, која за возврат ќе го проколне да го помине животот како вампир.

После долг сплет на настани раскажани во малку минути на филм, се префрламе во 60тите години од минатиот век, каде Барнабис се враќа во животот на преостанатите Колинсови кои се на работ на заборав и пропаст.

Целиот филм е раскажан како бајка, каде се појавуваат вампири, вештерки, духови и останати неприродни појави. Но, се зборува и за љубов, љубомора, значењето на семејството, особини што се прилично човечки, па не можеш тотално да се изгубиш во светот на нереалното.

Ако сте запознаени со стилот на раскажување на Тим Бартон, тогаш знаете дека Џони Деп го глуми Барнабис, и знаете дека можете да очекувате одлична кинематографија, супер музика и богато сценарио.

Се надевам дека наскоро ќе видиме и оргинално дело од овој режисер.

Режија: Tim Burton
Глума: Johnny Depp, Michelle Pfeiffer, Eva Green

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg