Филмски викенд: Фантастични Акции Со Силни Девојки

За овој викенд ви подготвивме три авантуристични акции кои не се дел од нашата реалност. Нивна заедничка точка е дека во главната улога имаме девојка.

filmski-vikend-fantasticni-akcii-so-silni-devojki-01

Снежана ги води војските во напад, Бејбидол е супер борец и ги предводи девојките од санаториумот и Елизабет Шо однесе цел тим на крајот на светот затоа што верува дека таму се нашите предци.

Иако целата акција паѓа на девојките, било кој од овие филмови е погоден и за машки и за женски. Се надевам дека ќе изберете некој од нашите предлози и ќе се забавувате гледајки филмови.

Уживајте во овој филмски викенд!


Snow White and the Huntsman (2012)

filmski-vikend-fantasticni-akcii-so-silni-devojki-1

Секој наслов што ме потсетува на Дизни цртаните малку ме нервира, најверојатно поради сите тие детски спомени, па мислам дека ниедна филмска верзија не е доволно добра да се натпреварува со оргиналните цртани. Но, овој филм пријатно ме изненади.

Приказната на Снежана е доволно позната, нема ни да се потрудам да ја раскажувам. Тонот на филмот е пореален и помрачен, а музиката и компјутерските ефекти помагаат да се долови целиот свет на магија поверодостојно.

За сите оние кој ги сакате ваквите акциони авантури помешани со малку фантазија тогаш овој е филмот за вас. Иако Снежана е дел од насловот на филмот, според мене лошата кралица беше подоминантна, пострашна и одлично изглумена.

И остатокот од актерската екрипа е одличен, најпопуларното од Холивуд. Расплетот на романсата беше неочекуван, но сепак интересен детал. Ако ви се допадне, може да го очекувате продолжението во наредните години.

Режија: Rupert Sanders
Глума: Kristen Stewart, Chris Hemsworth, Charlize Theron


Sucker Punch (2011)

filmski-vikend-fantasticni-akcii-so-silni-devojki-2

Според мене еден од најинтересните фантазии што ги имам гледано. Една млада девојка е неправедно пратена во санаториум каде и е закажана лоботомија за неколку дена.

Реалноста и фантазијата се испрепрелуваат кога таа се обидува да се прилагоди кон новата ситуација. Ќе се спријатели со некои од останатите девојки таму и ќе планираат бегство.

Филмот е визуелно одличен склопен, компјутерските ефекти ќе ви го одземат здивот а акционите сцени се совршено искореографирани. Сето тоа помогнато со прекрасните обработки на песните само го прави филмот побогат.

Приказната знае да стане тешка за следење, бидејки имаме многу девојки, многу акциони сцени, мешање меѓу реалноста и фантазијата, но вреди да го догледате до крај бидејки има неколку пресврти кои нема да ги очекувате.

Навистина прекрасен филм и ако навистина се задлабочите да го гледате, после тоа ќе имате тема за разговор до крајот на вечерта.

Режија: Zack Snyder
Глума: Emily Browning, Vanessa Hudgens, Abbie Cornish


Prometheus (2012)

filmski-vikend-fantasticni-akcii-so-silni-devojki-3

Долго очекуваниот филм-предходник на супер популарните Alien филмови (или по нашки Осми Патник).

Филмот започнува со тим од истражувачи кои на земјата наоѓаат докази кои не наведуваат дека постојат вонземјани таму далеку во вселената, и сакаат да дојдеме до нив.

После неколку години патување, тимот пристигнува на планетата и почнува со истражување. Но, секој член од тимот има своја агенда, секој има свои причини зошто дошол на оваа мисија и што се неговите очекувања. Но, и планетата и нејзините жители имаат нешто да кажат.

Без да одам во детали, за да не ви го уништам филмот, ќе кажам дека дефинитивно вреди да се изгледа. Не е некое мастер ремек дело, но ќе ве забавува и ќе уживате додека го гледате.

Актерската екипа е повеќе од одлична, компјутерските ефекти и сценографијата се фантастични и приказната е интересна. Мене најголем впечаток ми остави андроидот, кој беше многу чуден на многу различни нивоа.

Режија: Ridley Scott
Глума: Noomi Rapace, Logan Marshall-Green, Michael Fassbender

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg