Филмски викенд: Пороци

За овој викенд ви подготвивме три филмови кои разкажуваат три различни порочни приказни. Ако ви се допаднале филмовите како Trainspotting или Requiem for a Dream тогаш може да погледнете некои од нашите предлози за овој викенд.

filmski-vikend-poroci-01

Имаме по нешто за сечиј вкус, имаме разгалени тинејџери, комедија одгледувачи на марихуана и уметничка драма за секс зависник.

Уживајте во овој филмски викенд!


Twelve (2010)

filmski-vikend-poroci-1Го започнуваме овој порочен викенд со класична приказна за светот на дрогата. Филмот ни раскажува за група тинејџери, што се расфрлаат со парите на своите родители и успеваат да направат непоправли штети врз
своите животи.

Го имаме Мајк, нашиот херој, кој после смртта на мајка му, бесцелно талка низ животот, се откажува од приватното училиште, и се посветува целосно на шиткање дрога на цела њујорска тинејџерска младина.

Останатиот дел од филмот содржи дрога, журки, убиства, љубов, дилери и слично. Тинејџрска драма што раскажува за наркоманските проблеми на децата што живеат на Менхетен.

Филмот е прилично бавен, но вреди да се гледа. Актерската екипа е одлична, како на пример го имаме Чејс Крафорд од Gossip Girl во улогата на Мајк, а тука се и Ема Робертс, Рори Калкин и 50 Cent.

Режија: Joel Schumacher
Глума: Chace Crawford, Emma Roberts, Rory Culkin


Leaves of Grass (2009)

filmski-vikend-poroci-2

Мало и симпатично филмче со големиот Едварт Нортон, кој го има дури два пати. Имено, ги имаме двајцата идентични близнаци Бил и Брејди. Едниот истакнат професор на факултет, другиот ситен, но брилијантен, одледувач на марихуана.

Едвард Нортон ги глуми двајцата, и прекрасно ги доловува различните карактери на близнаците, професорот е полиран и софистициран, додека другиот е неук и селанец.

Покрај тоа што е филм за одледување марихуана, овој филм раскажува за пријателството, фамилијата, простувањето и продолжувањето понатаму во животот.

Филмот е од оние тивко смешните филмови што го задржува вашето внимание од почеток до крај. Не раскажувам ништо за приказната и ќе ве оставам да уживате.

Ако немате што да правите деновиве, и не ви се гледаат тешки филмови, не барајте понатаму и гледајте го филмчево.

Режија: Tim Blake Nelson
Глума: Edward Norton, Keri Russell, Susan Sarandon


Shame (2011)

filmski-vikend-poroci-3

За зависноста од секс почна да се зборува јавно последните неколку години, благодарение на Тајлер Вудс и Дејвид Духовни, но има малку филмови што ја обработуваат оваа тема.

Имено Shame е еден од првите посериозни обиди за преставување на зависникот во вистинскиот свет.

Приказната ни го покажува животот на Брендон. Тој изгледа како нормален 35+ годишен маж, има работа, релативно згоден и интелегентен, делува дека има исполнет живот. Но, од првите неколку сцени гледаме дека тој живее по рутина, нема никој во својот живот, и секој слободен момент го користи да мастурбира.

Неговата зависност го направила да се изолира од луѓето, од општеството, го направила да е ладен. Тој толку е пропаднат во својот порок што неможе да оствари нормални човечки односи.

Дали е срам тоа што го чуствува или тоа што треба да го чуствува? Прилично интересен филм, ако љубите спори уметнички драми што обработуваат контроверзни теми овој е филмот за вас.

Режија: Steve McQueen
Глума: Stars: Michael Fassbender, Carey Mulligan, James Badge Dale

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg