Филмски викенд: Тивки комични драми

Нели од време на време посакувате да погледнете некое лесно филмче, некоја комедија што само ќе ви го разнежни срцето.

filmski-vikend-tivki-komicni-drami-01

За овој викенд ви подготвивме токму такви тивки, слатки и шармантни филмчиња. Било кој од предложените се квалитетно склопени филмови, со одличен кастинг и едноставни приказни што верувам дека ќе ви се допаднат.

Жанровски припаѓаат некаде измеѓу драма, комедија и романса, додека пак, приказните варираат, па можете да си одберете филм во зависност од која приказна најмногу ви се допаѓа.

Уживајте во овој филмски викенд!


The Five-Year Engagement (2012)

filmski-vikend-tivki-komicni-drami-1

Во сезоната на веридби и венчавки, убаво е да се погледне овој филм кој раскажува за еден пар што поради разно-разни причини ја одложува својата свадба цели пет години.

Како поминува времето, решаваат да ги стават професионалните планови на прво место а ја одложуваат свадбата за подобри времиња.

Се разбира, желбите на двајцата не се исполнети, и еден во врската потајно пати.

Ова е бавна драма, и комичните елементи се некако мрачни, а таа комбинација не е погодна за сечиј вкус.

Двајцата главни актери се фантастично си ја завршуваат работата, се разбира потпомогнати од сценариото кое содржи прилично интересни дијалози.

Ова е филм за опуштена здодевнавна вечер поред саканиот/та.

Режија:Nicholas Stoller
Глума: Jason Segel, Emily Blunt


Moonrise Kingdom (2012)

filmski-vikend-tivki-komicni-drami-2

Овој филм е прекрасен на многу нивоа, но треба да имате уметничка жичка за целосно да го доживеете.

Начинот на кој е снимен е невообичаен, па ако не ви се допадне во првите 15 мин, најверојатно нема да ви се допадне цел филм.

Сцените се некако изцепкани, дијалогот е чуден, начинот на кој се раскажува приказната е многу интересен. А самата приказна ги следи случувањата на еден фиктивен остров, каде едно младо момче и младо девојче се заљубуваат и решаваат да избегаат од дома.

Тој е извидник во локалната бригада, самотник и сираче, а таа е несватена тинејџерка со агресивни нагони.

Мене многу ми се допадна, додека го гледаш имаш чуство дека некој ти раскажува приказна. Целокупната актерска екипа е одлично одбрана и совршено ги прикажува стереотипизираните ликови.

Се надевам дека ќе и дадете шанса на оваа романтична драма.

Режија: Wes Anderson
Глума: Jared Gilman, Kara Hayward, Bruce Willis, Edward Norton, Bill Murray, Tilda Swinton


Our Idiot Brother (2011)

filmski-vikend-tivki-komicni-drami-3

За разлика од останатите комедии со Пол Руд, оваа комедија е некако потивка и нема да ве натера да се тркалате од смеење.

Ова е драма со комични елементи која ќе ви го стопли срцето додека раскажува за животот на Нед. Тој не е толку идиот како што наговестува насловот. Тој е хипик, не се потресува премногу со случувањата околу него.

Тој е добар и кроток, внимателен и си живее прилично добар живот. Сè додека еден цајкан не го прелаже да му продаде марихуана, имено Нед ќе сака да му помогне затоа што е добар а цајканот за возврат ќе го уапси.

Кога ќе излезе од затвор, Нед е приморан да живее со сестрите кои се самобендисани себични кучки. Си даваат за право да го омаловажуваат константно, иако тој никогаш им нема згрешено... намерно.

Ова е од оние филмчиња што ќе ве остават на крај на двоумење, дали ми се допадна или ми беше досаден. Јас сепак навивам да го погледате.

Режија: Jesse Peretz
Глума: Paul Rudd, Elizabeth Banks and Zooey Deschanel

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg