Топ 10 легендарни филмови кои никогаш не добија Оскар

Многу легендарни филмски остварувања никогаш не добија Оскар за најдобар филм, некои затоа што својата слава ја стекнаа неколку години подоцна, некои заради тоа што филмските критичари таа година ја „утнале“ работата.

top-10-legendarni-filmovi-koi-nikogas-ne-dobija-oskari-01

Во секој случај, ова се 10 филмски класици кои вреди да ги изгледате уште најмалку 5 пати и покрај тоа што никогаш не се закитија со златната статуетка.

1. “The Godfather: part III”, 1990

Приказната започнува во 1979 година во Њујорк, во класична семејна атмосфера, 20 години откако Мајкл Корлеоне го нареди убиството на својот брат.

Двете деца на Мајкл - Мери и Ентони сега се веќе израснати. Ентони сака да биде оперски пејач и да не биде вмешан во семејните драми, додека Мери е верна на својот татко.

Но, Мери сепак е во врска со младо момче кое со нетрпение чека да стане идниот дон, со потполно идентичен жар каков што некогаш поседувал таткото на Мајкл, а и самиот тој.


2. “Reservoir Dogs”,1992

Џо е еден од големите шефови кој организира кражба на дијаманти. Плаќа 6 криминалци кои меѓу себе не се познаваат, за да не се зближат во текот на акцијата.

Но, откако еден од нив е убиен од страна на полицијата, започнуваат да се состануваат на тајно место. Сите се убедени дека некој од нив е таен полицаец кој ја издал акцијата и секој почнува да сомнева во секого.


3. “Basic Instinct”, 1992

Детективи во одделот за убиство на Сан Франциско истражуваат убиство на познат рокенрол пејач, при што откриваат дека во моментот на сексуален чин го убила непозната русокоса.

И додека се во екот на откривањето на фактите, еден од нив се заљубува во погрешна жена која го чини живот.


4. “Once Upon a Time in America”, 1984

Овој филм е премиерно прикажан на Канскиот фестивал во мај во далечната 1984 година. Тогаш траел 4 часа, но за светскиот пазар е направена скратена верзија која била премиерно прикажана неколку месеци подоцна.

Текот на настаните е осмислен врз база на автобиографскиот роман „The Hoods“ кој ги прати животот на двајца њујоршки евреи и нивните гангстерски животи.


5. “The Matrix”, 1999

Томас Андерсон е повлечен софтверски стручњак кој води двоен живот. Вечерите ги минува покрај својот компјутер под псевдонимот Нео и станува хакер кој се обидува да открие нешто за што ни самиот не е сигурен дека постои.

Притоа запознава мистериозни личности кои го внесуваат во уште помистериозни сознанија.


6. “The Name of the Rose”, 1986

Англискиот францискански монах Вилијам, познат по својата мудрост, е сместен некаде во Алпите во северна Италија која била бојно поле на еден страшен настан.

Заедно со својот помошник се обидува да ги открие мотивите за убиството на еден минијатурист при што открива голема тајна чувана со векови.


7. “Heat”, 1995

Нил МекКоли е крадец, еден од најдобрите. Вечен самец кој има едно животно мото: не се врзувај за ништо од што не можеш да избегаш за 30 секунди.

По излегувањето од затвор, Нил ја собира својата стара екипа и повторно тргнува во криминалните води.


8. “Psycho”, 1960

Прочуениот филм на Алфред Хичкок засекогаш го промени изгледот и стилот на филмовите полни со страв и ужас.

Дејството започнува кога Мерион Крејн не е задоволна со својата работна позиција, ниту со својот љубовен живот.

Еден ден сосема случајно добива задача да достави 40.000 долари во блиската банка, но опиена од моќта на парите, решава да побегне заедно со нив и да започне нов живот.


9. “The Good, the Bad and the Ugly”, 1966

Филмот раскажува приказна за тројца вооружени напаѓачи кои трагаат по закопано богатство. Но, тимската работа не е својствена за таквите злосторници.

Наскоро тие дознаваат дека нивниот најголем предизвик е да останат фокусирани и живи во земјата уништена од војна.


10. “The Shawshank Redemption”, 1994

Филмот обработува приказна за двајца затвореници кои за време на отслужувањето на казните се зближуваат, пронаоѓајќи утеха во добрите дела.

Енди е млад и успешен банкар чиј живот драстично се менува откако е осуден на доживотна казна, но со помош на неговиот пријател се обидува да ги совлада затворските услови.

Притоа, не ни замислува дека некогаш ќе прерасне во еден од највлијателните и најпочитувани затвореници.

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg