Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Топ 5 филмски предлози за продолжениот викенд

Ништо не е подраматично од вистинскиот живот. Затоа, овој продолжен викенд ви предлагаме да погледнете добар филм инспириран од вистинска приказна.

top-5-filmski-predlozi-za-prodolzen-vikend-01

1. The Wolf of Wall Street

Режиран од филмскиот мајстор Мартин Скорзезе со неодоливиот Леонардо Ди Каприо во главната улога ова е филм за животот за Џордан Белфорт. Филмот е адаптација на мемоарите на Белфорд во кои се опишуваат криминалот, дрогата, перењето пари и криминалот од над 200 милиони долари.

Филмот има одлична приказна, која ја покажува грдата страна на Вол Стрит. Лео е генијален во улогата на Белфорд, за која дефинитивно заслужуваше Оскар, но погледнете го и проценете сами.


2. Dallas Buyers Club

Филмот за кој Метју Меконахи го  доби оскарот за главна машка улога, а Џаред Лето го освои оскарот за споредна. Двајцата актери се навистина извонредни, дури се и физички непрепознатливи.

Филмот работен според вистинска приказна за Бил Вудраф, кој од како случајно дознава дека е хив позитив решава да направи се само да преживее. Ова е приказна за човек кој се бори против лошото здравство, во кое само парите се важни. Трогателна приказна која ќе ве натера да го цените животот повеќе и никогаш да не се откажете.


3. The Bling Ring

Во режија на Софија Копола и со Ема Вотсон во една од главните улоги. Инспириран е од вистински настан во која банда од тинејџери користејќи го интернетот почнуваат да влегуваат во домовите на славните и да ги ограбуваат. Сакајќи да ја доживеат нивната слава од луксузните домови главно собираат брендирани парчиња облека и накит.

Ова е филм за младите луѓе кои сонуваат да бидат дел од светот на славните, да учествуваат во тој лажен гламур.


4. Behind the Candelabra

Автобиографскиот филм на еден од најпознатите изведувачи на сите времиња Либерачи. Во режија на култниот Стивен Соденберг, со Мет Дејмон и Мајкл Даглас, филмот е добитник на два Златни глобуси.

Ова е филм со спектакуларни костими и сценографија. Ќе ви понуди хумор кој ќе ве насмее до солзи, а актерите во филмот се навистина во улоги во какви ретко можете да ги видите. Ако сте во потрага по нешто поинакво, ова е филм кој ќе ви ја покаже светлата страна на животот и темната страна на славата.


5. The Conjuring

Во вечерните термини ви препорачуваме да го погледнете еден од најдобрите хорор филмови на сите времиња. “The Conjuring” е инспириран од вистинска приказна за брачен пар кои се ловци на духови. Кога ќе бидат повикани од младо семејство да ја истражат фармата во која само што се имаат вселено, ќе се соочат со најголемото зло во нивните живот.

Во филмот има моменти кои навистина ќе ве преплашат, па не го препорачуваме за оние со “слабо срце.” Но, за сите љубители на хоророт - уживајте!

Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg