10 филмови кои за момент ќе ве одведат во Париз

Како еден од најромантичните градови во светот, сигурно е прво место на кое помислуваат режисерите кога сакаат да ја снимат својата љубовна приказна. Целата енергија, култура и фантастичните пејзажи , прават многу лесно да се вљубите во овој град.

10-filmovi-koi-za-moment-ke-ve-odvedat-vo-pariz-01

Токму затоа многу од филмските сцени се снимени токму таму.

Некои од нив толку добро ја доловуваат целата атмосфера, што прават да се соживеете и за момент да се најдете во Париз.

1. Before Sunset, 2004

Спонтаната љубовна приказна на Итан Хок и Џули Делпи ни е позната уште од првиот дел Before Sunrise, кога случајно се запознаваат во воз додека патуваат. Во Before Sunset нивната приказна продолжува неколку години подоцна, кога се сретнуваат во Париз, каде Итан ја промовира својата книга, во која е напишана нивната приказна. Шетаат низ најубавите и најромантичните сокачиња во Париз и зборуваат за нивниот живот, љубовта и сè остананато.


2. Paris,
Јe t`aime, 2007

25-минутни кратки филмчиња од различни режисeри, снимени во различни делови на Париз, заедно прават уникатна љубовна разгледница.


3. Funny face, 1957

Фотограф од Њујорк ја носи Одри Хепберн во Париз и ја претставував како следното најголемо нешто во модата. Вообичаена приказна, но фантастични париски сцени и висока мода.


4. Le Fabuleux Destin d`Amèlie Poulain, 2001

Одри Таутоу тргнува низ Париз на мисија за да ги направи другите луѓе среќни, а попатно ѝ се случува интересна љубовна приказна, која прави да го сакате Париз на сосем поинаков начин.


5. Hugo, 2011

Првиот 3Д филм на Мартин Скорсезе во кој ги следи авантурите на едно момче кое живее во париската железничка станица.


6. Julie and Julia, 2009

Париз, храна и Мерил Стрип. Како да не се вљубите? Приказна за жена која решава да ги оживее легендарните рецепти на Џулија Чајлд и да си го промени животот. Ќе се вљубите и во париските глетки и во париските вкусови.


7. Midnight In Paris, 2011

Овен Вилсон е успешен и романтичен холивудски писател кој ги сака долгите прошетки низ улиците на Париз и сака да се навраќа и да дознава кој е кој во уметничкиот и интелектуалниот свет на градот на светлината за време на дваесеттите години. Прекрасните сцени низ Париз се доволни за да ве натераат да го гледате.


9. Moulien Rouge, 2001

Иан МекГрегор глуми англиски поет кој се преселил во Париз за да направи мјузикл кој ќе биде изведен на познатиот Мулен Руж. Но, како што е вообичаено, не може да дојдеш во Париз, а да не се вљубиш. Тогаш се добива нешто многу повеќе од планираното.


10. 2 Days in Paris, 2007

Џули Делпи и Адам Голдберг се пар кој одлучува да останат само 2 дена во Париз со родителите на Делпи. Кога на тоа ќе ја додадете мајката која нема граници, сите поранешни љубовници и јазичната бариера, може да замислите каква лудница ве очекува.

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Го гледав филмот за Џеј – Три дена подоцна, сѐ уште сум под импресии Ова не е музичка биографија на Џеј, ова е приказна за неговото детство, за тоа к...
10 филмови чиј крај ќе ве остави со повеќе прашања, отколку одговори Cloud Atlas е филм кој не се објаснува и треба да го изгледате, можеби и двапати...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg